Мустачево

историско село во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Мустачевоmap
Remove ads

Мустачево или Мустафча (грчки: Νέο Βασιλικό, Нео Василико; до 1926 г. Μουστάφτσα, Мустафца[1]) — историско село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција.[2] Се распаднало некаде меѓу 1929 и 1935 г.[3]

Кратки факти Мустачево Νέο Βασιλικό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало во Солунското Поле, североисточно од Крџалиево и југоисточно од Чохалари, недалеку од западниот брег на Вардар.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

На пописот од 1905 г. селото имало 175 жители кои работеле на околните чифлици.[4]

Во Грција

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1913 г. Мустачево имало 100 жители, а во 1920 г. се намалило на 62 лица.[3] Боривое Милоевиќ во 1921 г. („Јужна Македонија]]“) вели дека Мустачево има 25 турски куќи.[5] Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а властите довеле грчки доселеници. Во 1928 г. Мустачево станало чисто дојденско со 19 семејства сочинети од вкупно 75 лица[6], од кои половина од Бугарија, а другата половина од Источна Тракија.[3]

Нешто подоцна, меѓу 1929 и 1935 г. селото е конечно напуштено поради отсуството на услови за живеење како училиште и црква. Жителите се преселиле во соседното Крџалиево.[3]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads