Кула (Калаузлија)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кула — археолошко наоѓалиште во штипското село Калаузлија, Општина Карбинци. Претставува населба и утврдување од доцноантичко време.
Се наоѓа на 2 км јужно од селото, на издолжен гребен кој на западниот крај стрмно се издига над коритото на Козјачка Река, од нејзината десна страна. На врвот има зарамнета јазичеста висорамнинка, со димензии од 70 × 65 м, опкружено со остатоци од темели на бедем, широк 1,5-2 м, ѕидан од кршен камен и варов малтер. Во североисточниот дел на висорамнинката се гледаат контури од објекти кои зафаќаат простор од околу 10 м2.[1]
Селанецот Јашар Мемедов откопал ќоше од просторија ѕидана од кршен камен и вар, во кое нашол бронзена ногалка од свеќник што завршува во облик на лавовска глава. Надвор од габаритот на Кула, на североисточната страна, теренот продолжува во широко обработлива висорамнинка на кое се забележува расфрлен градежен материјал.
Во нивата на Блаже Јованов биле најдени монети со временски распон од I век до доцната антика, како и темели од ѕидови и градежен материјал. Наоѓалиштето е оддалечено околу 4 км југоисточно од доцноантичкиот град Баргала во Горни Козјак.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads