Куманич (Драмско)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Куманич (Драмско)map
Remove ads

Куманич (грчки: Δασωτό, Дасото; до 1927 г. Κουμανίτσα, Куманица[2]) — село во Драмско, Егејска Македонија, денес во општината Неврокоп на Драмскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]

Кратки факти Куманич Δασωτό, Земја ...
Thumb
Црквата „Успение на пресв. Богородица
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 7 км западно од Зрново, во јужното подножје на планината Стргач.

Историја

Во Отоманското Царство

През ΧΙΧ век Куманич било чисто македонско село во Неврокопската каза на Серскиот санџак. Било единственото чифлигарско село во Мрвачко, сопственост на неврокопски бег.[4] До средината на XIX век жителите на Куманич промивале магнетитски песок на планината Црна Гора, а од Стргач добивале огноотпорни плочи и камења за печките. Дел од населението се занимавало со дрндарство и тие мајстори заедно со либјаховските стасувале на југ дури до Солун.[4]

Гробишната црква „Св. Никола“ е од 1831 г.,[5] а парохиската „Успение на пресв. Богородица“ од 1870 г.[6]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Команич (Komanitch) имал 84 домаќинства на 280 жители Македонци.[7][8]

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) го обележал Куманич како чифлик со 54 македонски куќи.[7][9]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 750 жители, сите Македонци христијани.[7][10]

Селото било под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Куманич имало 1.040 Македонци егзархисти и 6 Роми. Во селото работело бугарско основно училиште со 1 учител и 27 ученици.[11]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 820 жители.[3] Зимата 1919 г. дошло до иселување на дел од населението, кои се сместиле во Неврокопско, Пазарџик и други места.[4] Според Тодор Симовски, по Првата светска војна околу половина од населението се преселило во Бугарија. По крвавиот Трлиски инцидент од 1924 г. 479 лица се иселиле во Бугарија по официјален пат. На нивно место се доведени грчки колонисти.

Во 1928 г. Куманич е заведено како мештанско-дојденско село со 505 жители[3] од кои 384 лица (102 семејства) биле грчки дојденци и 121 македонски староседелец.[12]

За време на Граѓанската војна (1946–1949) жителите на селото се иселени во внатрешноста на земјата, и по крајот на војната еден дел од нив не се вратил.[3]

Населението произведува тутун, жито, компир и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.[3]

Повеќе информации Име, Грчки ...
Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Личности

  • Ангел војвода — адјутин и револуционер[14]
  • Ангел Петров Ангелов (1917 - 1992) — народен музичар-кларинетист, преселен со семејството во Хухла во 1923 г., подоцна живеел во Ивајловград
  • Георги Трендафилов — борец во III Ополченска дружина во Руско-турската војна, починал пред 1918 г.[15]
  • Иван Апостолов (1847 – 1926) — ајдутин и револуционер
  • Иван Даскалот — револуционер, четник на Филип Цветанов

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads