Лазар Апостоловски

гркомански андартски капетан From Wikipedia, the free encyclopedia

Лазар Апостоловски
Remove ads

Лазар Апостоловски (грчки: Λάζαρος (Λάζος) Αποστολίδης, Лазарос (Лазос) Апостолидис) — андарски капетан од македонска народност, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија.

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Апостоловски е роден во 1886 година во гркоманско семејство во Жупаништа, Костурско.[1] Се вклучил во редовите на Елиномакедонскиот комитет и зел учество во Борбата за Македонија.

Thumb
Четата на Апостоловски (третиот). Фотографија на Леонидас Папазоглу.

Во почетокот бил четник при костурскиот капетан Аристидис Маргаритис и како таков учествувал во нападот на Езерец. Подоцна станал самостоен капетан. По Илинденското востание, тој заминал за Грција.

Во јули 1905 година, како андарстки капетан заедно со критјанинот Илијас Делијанакис, тој се вратил во Македонија и кај селото Кондороби имал судир со Костандо Живков, војвода на Македонската револуционерна организација, а судири имал и со војводите Киријак Шкуртов, со Пандо Сидов кај Изглибе на 4 февруари 1908 година [2] и со Наум Петров кај Мангила.

Раководителот на грчкиот комитет во Битола, огранок на Елиномакедонскиот комитет, Јон Драгумис му наредил да ликвидира двајца раководители на Македонската револуционерна организација во Жупанишча, Нако Писицов и Стерјо Довениотов во Мањак.

Thumb
Печати на Апостоловски.

Лазарос својата дејност ја продолжил и по Младотурската револуција. Во текот на Првата балканска војна зедно со капетанот Георгиос Макрис учествувал во спасувањето на Богатско. Во Љапчишта бил поставен на чело на еден одред од 300 души и учествувал во Битката кај Сачишта. Со својата чета учествувал во заземањето на Бигла и Горица (Корча).

Учествувал во грчките опреции во северен Епир во текот на 1916 година и во битката со Албанците кај Москополе на 16 октомври 1916 година [3].

Починал во 1920 година во Константинопол.

Во 1960 година во Костур, била подигната негова статуа [4], а една улица е именувана по него.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads