Мангила
село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мангила (или Монгила; дијалектна носовка на Могила; грчки: Άνω Περιβόλι, Ано Периволи; до 1926 г. Μαγγέλα, Мангела[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта на Костуркиот округ во областа Западна Македонија. Отсекогаш било населено со Македонци и останало такво до денес.[3]

Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на 15 км југозападно од градот Костур и на 8 км југозападно од Рупишта. Лежи на десниот брег на реката Галешово во пазувите на планината Одре.
Историја
Во Отоманското Царство
На крајот од XIX век Мангила било чисто македонско село. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) в 1900 година Мангила има 250 жители Македонци.[4][5]
При задушувањето на Илинденското востание летото 1903 г. селото е изгорено од Турците и убиени се околу 20 селани.[3]
По востанието, на почетокот од 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[6] Истата година турските власти не му допуштиле на учителот Сидер Стерјов од Галишта да отвори народно училиште во селото.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Могила имало 96 Македонци, сите под егзархијата.[4][8] Според Георги Константинов Бистрицки Могила пред Балканската војна има 20 македонски куќи.[4][9]
Во февруари 1905 г. селото е нападнато од грчка андартска чета која ја обиколила црквата за време на богослужбата, го убила свештеникот Тома Василев заедно со уште двајца верници. Убивањето на селаните престанало со појавата на реонската чета на ВМОРО под водство на Кирјак Шкуртов и селската милиција, кои со загуби ги одбиле андартските напади.[10][11][12]
Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Монгила (Μογγίλα) имало 20 македонојазични семејства. Од нив 3 семејства биле прогрчки настроени и посетувале свое училиште и црква.[13]
Во Грција
За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и во во 1913 г. е припоено кон Грција. Таа година населението броело 130 жители (броејќи го и соседното Марчишта).[3] Според Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) пред Првата светска војна Могила имала 20 македонски куќи.[14] Во 1920 г. Мангила е заведена со 86 жители.[3]
Во меѓувоениот период некои жители се преселиле во Бугарија и прекуокеанските земји.[3] Од 1914 до 1919 г. 7 жители на Мангила, а потоа во 1919 г. уште 5 се иселиле во Бугарија по официјален пат.[15]
Во 1926 г. селото е преименувано во Ано Периволи. Селаните оделе на печалба и работеле како мелничари.[3]
Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). Загинале неколку селани, а 7 семејства и 20 поединци се преселиле во источноевропските земји.[3] По војната, малкуте преостанати жители на соседното Марчишта се преселиле во Мангила, по што тоа село престанало да постои.[16]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads