Лазар Делев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лазар Делев, познат како Оревски, — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис

Делев е роден во 1875 година во сиромашно семејство во бојмиското село Ореовица, тогаш во Османлиското Царство, денес Певкодасос, Грција. Се населил во Солун и станал работник при железничкото депо на железничката станица. Станува член на ВМОРО, исполнувал терористички и курирски задачи [1].
Во мај 1898 година е уапсен по убиството на водачот на гркоманската партија во Гевгелија, Христо Цицов во кое Делев немал учество. Лежел во Гевгелискиот затвор до ноември, по што е затворен во Еди-куле во Солун до 10 август 1899 година, кога судот го прогласил за невин и покрај притисокот на солунскиот грчки конзул и солунската митрополија за осудување [2].
По неговото ослободување влегува во четата на месниот војвода Иванчо Карасулијата и земал учество во Илинденското востание, се борел во Горноџумајско заедно со Илија Балтов и Христо Саракинов.[3]
Од 1905 година, тој бил самостоен гевгелиски војвода и заедно со Аргир Манасиев, ги одбивал нападите на грчката вооружена пропаганда. Негов четник бил Дељо Василев.
Во Првата балканска војна, тој станал војвода на партизанската чета № 44 при Македонско-одринското ополчение, со 25 души. Напредува по долината на реката Струма со четите на Дончо Златков, Никола Герасимов и Тане Николов. Зел учество во борбите кај Осеново, Сенокос и други, а подоцна е во Здружентаа партизанска чета на МОО.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads