Лазањи

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лазањи
Remove ads

Лазањите (итал. lasagne) се карактеристично италијанско јадење, особено застапено во италијанските региони Емилија-Ромања и Марке, односно во целата Централна Италија. Лазањите се јадат низ целиот свет и се еден вид на синоним за италијанската кујна.

Thumb
Лазањи печени во рерна
Thumb
Порција печени лазањи

Лазањите имаат правоаголна или квадратна форма и се употребуваат пред сѐ за печени јадења во рерна.

Подготвување

Најраспространетата рецепта и воедно наједноставна, предвидува како додаток на лазањите сос рагу, бешамел и пармезан. Во поново време е воведена употребата и на сирењето моцарела и многу често, наместо обичните лазањи направени од јајца, се употребуваат лазањи со зелена боја кои се направени со додавање на спанаќ.

Исто така мошне распространети се и белите варијанти на лазањи кои како додаток често имаат печурки.

Thumb
Печени лазањи
Remove ads

Регионални варијанти

Во Тоскана таканаречените lasagne bastarde или lasagne matte („луди лазањи“) од Луниџана, се произведуваат со додавање на брашно од костени покрај она од пченица, со различна процентуална застапеност која може да варира од 20% до 60%.

Во Северна Италија терминот лазањи исто така може да означува долги и широки (околу 2 cm) правоаголни тестенини направени со јајце и кои треба речиси секогаш да се јадат суви, поретко во чорби.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads