Чорба
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Чорба (турски: çorba) — вид супа својствена за националните кујни во балканските земји, Источна Европа, Блискиот Исток, Северна Африка, Средна Азија, Јужна Азија.
Чорбата потекнува од Турција и се правела пред сè од шкембе[1]. Се правела со пропржување на ситно исечкан кромид на масло, на што се додавале ситно иситнетите парчиња шкембе. Се турало вода и се оставало да се вари на тивок оган.
Сите останати подоцнежни варијанти на чорби, од друго месо, додавање на зеленчук, сок од лимон и слично, се варијанти на основната чорба.
Во Османлиското Царство постоел дури и еснаф на мајстори за чорба. Кај јаничарите, чинот полковник се нарекувал чорбаџија.
Remove ads
Галерија
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads