Лазо Дренков

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лазо Дренков
Remove ads

Лазо Дренков ( 1920 во Скопје2 мај 1946 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Произлегува од сиромашно занаетчиско семејство. Основното училиште го завршил во Скопје, а потоа се запишал во Трговската академија, која со успех ја завршил. Работел како трговски помошник во книжарницата „Вардар“. На 2 авrуст 1941 година бил затворен од бугарската фашистичка полиција. Во затворот останал сè до октомври 1943 година, колку што бил осуден. По издржувањето на казната, дома останал само една седмица. Есента 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил учесник во борбите за ослободувањето на Скопје, во борбите против балистичките банди во Тетово и во други места. По ослободувањето на Скопје и Тетово, ја продолжил борбата против балистичките банди на Косово, за конечното нивно разоружување и ликвидирање. Истоштен од затворот и тешките борби, во март 1945 година бил донесен во Воената болница на лечење. Болеста длабоко го нарушила неговото здравје, па така на 2 мај 1946 година, тој починал. Бил погребан со сите воени почести, на 3 мај 1946 година во Скопје.[1]

Една улица во градот Скопје, е именувана е по него.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads