Лахна
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лахна или Лахана (грчки: Λαχανάς, Лаханас) — село во Општина Лагадина во Солунскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 330 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на неколку километри од градот Лагадина на Богданска Планина. Селото се наоѓа на надморска височина од 582 метри.
Историја
Во XIX век Лахна е турско село, кое припаѓало кон Лагадинската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 860 жители Турци[2].
Во текот на Втората балканска војна, селото било окупирано од страна на грчките војски[3]. По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година биле евидентирани 730 жители, додека на пописот од 1920 година, во селото биле евидентирани 617 жители.
Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд, додека муслиманското население било принудено да си замине од селото. Во 1927 година, селото било преименувано во Лаханас.[4]
Remove ads
Население
Во 1928 година селото броело 608 жители.[5], додека во 1940 година селото броело 950 жители.
Селото во пописот од 1951 година броело 2311 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 978 жители, во 1971 година имало 492 жители, во 1981 година имало 625 жители, додека во 1991 година имало 646 жители[6]. Денеска, населението на селото е 542 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Знаменитости
- Успение на пресв. Богородица“ од 1952 г.
- Воен музеј
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads