Оливера Николова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Оливера Николова
Remove ads

Оливера Николова (Скопје, 11 март 1936 - Скопје, 3 ноември 2024 ) — македонска писателка за возрасни и за деца. Таа била една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Кратки факти Оливера Николова, Роден/а ...
Remove ads

Животопис

Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година. Нејзин сопруг е поетот и писател Цане Андреевски.

Починала на 3 ноември 2024 во Скопје.

Remove ads

Творештво

Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (тв-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (тв-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (тв-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.

Вредностите на Оливера Николова во македонската книжевност за деца, од нејзината прва книга, континуирано, се мошне високо рангирани. Сите критичари кои се занимавале со нејзините книги за деца потенцирале дека со нејзиното творештво македонската книжевност за деца се збогатува со дотогаш неоткриени мотиви. Оливера Николова е писателка која сака секогаш да биде нова, која ја истражува и формата, но која пред сè, реагира на животот и на новините кои се случуваат во него менувајќи го сензибилитетот на современото дете.[1]

И покрај богатиот книжевен опус, Оливера Николова е најпозната како автор на првиот градски лик во македонската книжевност - Зоки Поки. За своето творештво, Николова добила бројни награди. Така, за „Земја во која никогаш не се стигнува“ во 1966 година ја добила наградата на РТВ Скопје и СВП. Во 1975 година повторно ја добила истата награда, овојпат за делото „Пријателите Бон и Бона“. Во 1977 година по третпат ја добила таа награда, за делото „Мојот звук“, кое се закитило и со наградата „Младо покољење“ за 1978 година. Исто така, таа е добитник на „Змаевата награда“ за 1983 година за посебни постигнувања во современиот израз на литературата за деца.[2]

Во октомври 2012 година, за романот „Куќичка“, таа била номинирана како македонски претставник за наградата „Балканика“.[3] Во декември 2013 година, Оливера Николова го одбележала јубилејот 50 години од литературното творештво, исто колку и познатиот лик од нејзините раскази за деца, Зоки Поки. По тој повод, издавачката куќа „Детска радост“ објавила избор од творештвото на Николова во три тома, насловени како: „Ти чука ли срцето за мене?“, „Ми чука ли срцето за тебе?“ и „Ни чукаат ли срцата за нас?“. За своето книжевно дело, Николова ги освоила наградите „Стале Попов“, „Рациново признание“, како и „Роман на годината“ на „Утрински весник“.[4] Во февруари 2016 година, за романотКадифената покривка“ (издание на „Матица македонска), Николова ја добила наградата „Стале Попов“ за најдобра прозна книга во 2015 година.[5] Истовремено, романот „Куќичка“ бил објавен на српски јазик, во издание на „Арка“ од Смедерево.[6]

Remove ads

Дела

Николова објавила голем број книги, како:[5] [7] [8] [9]

  • Зоки Поки (проза за деца, 1963)
  • Ден за летување (раскази, 1964)
  • Тајната на жолтото куферче (роман за деца, 1965)
  • Земјата во која никогаш не се стигнува (повест за деца, 1965)
  • Земја во која не се стигнува (театарска игра за деца, 1968)
  • Зимски детективи (роман за деца и млади, 1972)
  • Пријателите Бон и Бона (роман за деца, 1974)
  • Сребрено јаболко (комедија, 1975)
  • Чук, чук, Стојанче (пиеса за деца, 1976)
  • Мојот звук (роман за деца и млади, 1977)
  • Тесна врата (роман, 1983)
  • Тажниот весел Владимир (проза за деца, 1984)
  • Умна глава (пиеса за деца, 1984)
  • Девојките на Марко (роман за деца и млади, 1987)
  • Сакам, нејќам (сликовница, 1987) - заедно со Драган Митровски
  • А, Б, В... (сликовница за деца, 1987) - заедно со Дарко Марковиќ
  • Љубоболки (роман за деца и млади, 1988)
  • Домашни задачи (роман, 1989)
  • Камерата на Борис (проза за млади, 1989)
  • Преминот не е осветлен (роман за млади, 1990)
  • Шифри на каменот (роман за млади, 1993)
  • Бели стапки (роман за млади, 1993)
  • Тромбот (роман, 1996)
  • Светлосна година (роман за деца, 1998)
  • Адамовото ребро (роман, 1999)
  • Вежби за Ибн Пајко (роман, 2000)
  • Позната учителка (роман, 2002)
  • Куклите на Росица (роман, 2004)
  • Лева комора (раскази, 2008)
  • Белиот чад (роман, 2009)
  • Куќичка (роман, 2012)
  • Кадифената покривка (роман, 2015)
  • Пешаци по црни полиња (роман, 2017)
  • Песот со тажен поглед (роман, 2019)

Награди

Значење и влијание

  • „Книжевна причесна“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[12]
  • „Мојата зграда во нејзиниот двор“ — краток расказ на Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[13]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads