Леќа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Леќа
Remove ads

Леќа („кујнска леќа“ или „обична леќа“; англиски: Lens culinaris) — грмушесто едногодишно растение од семејството на бобови (Fabaceae) кое нашироко се одгледува како зрнеста култура. Достигнува 40 см во висина и има обично по две сплеснати семки сместени во мешунка.

Кратки факти Леќа, Научна класификација ...
Thumb
Леќини растенија пред цветање

Човекот ја користи леќата за исхрана уште од предгрнчарскиот период на новото камено време и со тоа е една од првите припитомени растителни култури на Блискиот Исток. Археолошките наоди укажуваат на нејзина употреба пред 9.500 до 13.000 години.[1]

По боја, леќата може да биде жолта, портокалово-црвена, зелена, кафеава или црна.[1] Сортите се разликуваат и по големина и се продаваат со или без лупка, располовени или цели.

Thumb
Ботаничка илустрација на леќата од 1885 г.
Remove ads

Хранлива вредност и здравствени особини

Кратки факти Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz), Енергија ...

Со приближно 30% од калориите во белковински облик, леќата го зазема третото место по застапеност на белковини по единица тежина од сите зрнести, оревести и мешункасти плодови, веднаш по сојата и конопот.[4] Во белковините се застапени неопходните аминокиселини изолеуцин и лизин. Како таква, леќата има голема улога како важен извор на белковини кај земјите од Западна Азија и Индискиот Потконтинент кои имаат големо вегетаријанско население.[5] Од друга страна, растението е недостатно на две еденцијални аминокиселини: метионинот и цистеинот.[6]

Леќата содржи и прехранбени влакна, фолна киселина, витамин Б1 и минерали. Црвената (или розова) леќа има пониска концентрација на влакна од зелената (11% наспроти 31%).[7] Важи за мошне добар извор на железо. Една шолја сварена леќа задоволува преку половина од дневната потреба од железо кај човекот.[8]

Бидејќи леќата има мали количества на лесносварлив скроб (5%), а доста бавносварлив скроб (30%), таа е особено погодна за лица со шеќерна болест. Останатите 65% се отпорен скроб од класата RS1,[9] кој е висококвалитетен отпорен скроб со 32% амилоза.

Леќата има и извесни противхранлици чинители, како што се трипсински забавувачи и релативно големата количина на фитати. Трипсинот е ензим со улога во варењето на храната, а фитатите ја намалуваат биорасположивоста на прехранбените минерали.[10] Количеството на фитати може да се намали со чување на леќата во топла вода одвечер.

Remove ads

Производство

Thumb
Производство на леќа во светот

Растението се одгледува ширум целиот свет и е релативно отпорно на суша. Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО) во 2009 г. во светот се произведени 3,917 милиони тони леќа, од кои најголемиот дел во Канада, Индија, Турција и Австралија.

Во Република Македонија производството на леќа бележи голем пад во последните две децении. Во 2007 г. се произведени 87 тони, споредено со 177 тони во 1999 г. и 254 тони во 1992 г.[11]

Околу една четвртина од леќата во светот се произведува во Индија и речиси сета се троши на домашниот пазар. Канада е најголем извозник на леќа во светот, при што 99% од неа се произведува во Саскачеван.[12] Во сезоната 2009/10 во земјата се произведени рекордни 1,5 милиони тони.[13] Најзастапена сорта е светлокафеавата.[12]

Повеќе информации Место, Земја ...
Remove ads

Поврзано

  • Дал (јадење)
  • Зрнеста култура

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads