Лимбург (Холандија)

покраина во Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лимбург (Холандија)map
Remove ads

Лимбург (холандски и лимбуршки: Limburg) — најјужната покраина во Холандија. Се граничи Гелдерланд на север и Северен Брабант на запад. Долгата источна граница ја образува државната граница со Германија (покраина Северна Рајна-Вестфалија). На запад е државната граница со Белгија (истоимената покраина Лимбург), дел од која е определена од реката Меза (Мас). Во крајната југоисточна точка е ридот Фалсерберг на кој се наоѓа тромеѓата помеѓу овие три земји.

Кратки факти Лимбург Limburg, Земја ...

Најголеми населени места во покраината се главниот град Мастрихт (нас. 120.837),[4] Фенло (нас. 102.176) на североисток, како и Ситард-Гелен (нас. 91.760, на границата со Белгија и Германија) и Херлен (нас. 86.874) на југ. Преку половина од населението живее во јужен Лимбург, што зафаќа околу една третина од покраината. Во јужен Лимбург највеќето жители се во Мастрихт, Паркстад и Ситард-Гелен.

Remove ads

Историја

Денешната холандска покраина Лимбург е создадена во 1839 г. со конечното одвојувањ на Белгија од Нискоземското Кралство чиј процес започнал во 1830 г. Целиот регион Лимбург долго време бил под различни владенија и неговите делови имаат различни истории.

Со векови подрачјето на Лимбург било привлечно за големите сили поради неговата стратешка положба. Со делови од Лимбург низ историјата владееле Рим, Каролинзите, Хабсбуршка Шпанија, Прусија, Хабсбуршка Австрија и Франција.

Првите забележани жители се неандерталци кои логорувале во јужен Лимбург. Во неолитот се вадел кремен од подземни копови.

Remove ads

Јазик

Иако стандардниот холандски јазик е службен и најкористен, лимбуршкиот се смета за регионален според холадската влада.[5] Има службен статус како регионален јазик од 1997 г. и ужива умерена заштита според европските одредби. Германската и белгиската влада не го признаваат за службен јазик. Пред XX век највеќето весници биле на француски или германски, а во училиштата во Мастрихт се предавало на француски поради историските врски со Лиеж. Во други делови од покраината се предавало на германски.

Лимбуршкиот го говорат 1,6 милиони луѓе во Холандски Лимбуг, Белгиски Лимбург и Германија. Има многу различни дијалекти и говори. Низ Лимбург преминуваат многу изоглоси и ниеден дијалект не е претставителен за јазикот во целина. Северните дијалекти кај Фенрај и Генеп се водат како јужногелдерски и се тесно поврзани со дијалектите на североистокот на Брабант и областа Најмеген. Југоисточните дијалекти (кај Ахен) се поблиски до рипуарските и понекогаш се сметаат за југоисточнолимбуршки. Оние во западниот дел околу Верт имаат влијанија од околните говорни на југоисточен Брабант, што ги прави побрабантски од останатите.

Remove ads

Географија

Thumb
Градови и села во Лимбург со нивните атари.

Во споредба со остатокот од Холандија, јужниот дел на Лимбург не е толку рамен, туку брановиден. Тука е највисоката точка во европска Холандија — Фалсерберг со висина од 322,4 метри[6] и се издига на 110 метри над селото Фалс каде се наоѓа тромеѓања Холандија-Белгија-Германија.

Главна река во Лимбург е Меза (Мас), која минува по целата должина од југ на север.

Теренот во Лимбург е образуван претежно од наноси од Меза и се состои од речна глина, плодна иловица и големи лежишта на грагор кои се експлоатираат за градежната индустрија. На северот на покарината кој е подалеку од поречието почвата е песоклива и тресетеста.

Општини

Покраината има 31 општина.

  • Ајсден-Маргратен
  • Безел
  • Бек
  • Бекдален
  • Берген
  • Брунсум
  • Верт
  • Генеп
  • Гулпен-Витем
  • Ехт-Сустерен
  • Керкраде
  • Ландграф
  • Леудал
  • Масгау
  • Мастрихт
  • Мерсен
  • Мок ен Миделар
  • Недерверт
  • Пел на Мас
  • Рурдален
  • Рурмонд
  • Симпелфелд
  • Ситард-Гелен
  • Стајн
  • Фалкенбург на Геул
  • Фалс
  • Фенло
  • Фенрај
  • Фурендал
  • Херлен
  • Хорст на Мас

Градови

Градовите во Лимбург, од север кон југ, се Генеп, Фенрај, Фенло, Верт, Рурмонд, Торн, Ситард, Гелен, Хрелен, Фалкенбург, Керкраде, Мастрихт, Фалс.

Стопанство

Thumb
Јаболката, црешите, крушите и сливите се најважни овоштарски производи на Лимбург.

Бруто домашниот производ (БДП) во 2018 г. изнесувал 44,5 милијарди евра или 5,7 % од производството на Холандија. БДП по глава на жител прилагоден на куповната моќ изнесувал 34.700 евра.[7]

Во минатото во Лимбург се копале тресет и јаглен. Рудниците за јаглен конечно се затворени во 1965–75 г. поради што 60.000 лица останале без работа. Владата ја олеснила тешката состојба со преместување на разни државни служби во Херлен.

Државното рударско претпријатие ДСМ во Лимбург ја префрлило својата дејност во хемиската индустрија и продала разни одделенија на други конгломерати. Денес во „Хемелот“ кај Ситард-Гелен работат 8000 лица, од кои 1000 во самиот индустриски парк.

„ВДЛ Недкар“ во Борн (Ситард-Гелен) е единствениот големоразмрен автопроизводител во Холандија и денес производува автомобили Мини и BMW X1. Други индустриски гранки се добивањето на минерална волна во Рурмонд, изработката на фотокопири во и печатари во Фенло и производството на хартија во Мастрихт. Во Лимбург има и четири големи пиварници.

Јужен Лимбург е еден од двата овоштарски краја во државата и важна винарска област.[8] Тука е најголемата концентрација на лозја во Холандија.

Туризмот is an essential sector of the economy, especially in the hilly southern part of the province. The town of Valkenburg is the main centre.

Remove ads

Култура

Thumb
Замокот во Гронсфелд
Thumb
Градскиот дом во Ајсен
Thumb
Народен обичај во Ајсден

Најважни одлики на лимбуршката култура сеЧ

Фолклор

Многу места во Лимбург (и холандскиот и белгискиот) имаат градска стража која денес е фолклористичка. Секоја година се одржува празник на кој се натпреваруваат 160 заедници.

Remove ads

Религија

Лимбург е една од двете холандски покраини (со Северен Брабант каде историски преовладува католицизмот.

Во 2015 г. 64,5 % од жителите биле католици, 3,3 % биле муслимани, 2,2 % биле протестанти, а 2,1 % им припаѓале на други цркви и вери. Преку четвртина од населението (27,9 %) се изнаснило како нерелигиозно.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads