Лисесто циганче
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лисестото циганче (науч. Phoenicurus phoenicurus), е мала врапчевидна птица од семејството на муварчињата (Muscicapidae), која порано била сместена во семејството на дроздовите (Turdidae).
Remove ads
Систематизација и распространетост
Прифатени се два подвида. Номинираниот, P. p. phoenicurus кој го има низ цела Европа и достига до Сибир. Другиот подвид е P. p. samamisicus кој е распрострастранет појугоисточно, од Крим преку Турција, Блискиот Исток до Средна Азија. Малку е помала од P. p. phoenicurus и кај возрасните мажјаци има слична бела дамка на крилјата како кај циганчето. Белата дамка, но малку поневпечатлтива ја има и кај младенчињата и кај женките. Подвидот е широко раширен во Турција и во јужниот дел на Балканот, во Македонија.[2][3]
Remove ads
Опис


Лисестото циганче во многу нешта е слично на црвеногушката. Таа ги има истите општи особини, разговорливото поведение, има иста должина 13-14,5 см, но е малку потенка и полесна, тежи 11-23 г. Портокаловоцрвената опашка често ја ниша. Кај европските птици, само циганчето ( Phoenicurus ochrurus) има слично обоена опашка.[2][3]
Мажјакот летно време има бледо сиви глава и горни делови, освен задникот и опашката, кои, како и слабините, под крилјата и долниот дел од крилјата се портокаловокостенливи. Челото е бело, а страните на лицето и градите се црни. Крилјата и двата централни пердуви на опашката се кафеави. Портокаловото од слабините се прелева во речиси бело на стомакот. Клунот и нозете се црни. Наесен, боите на мажјакот обледуваат и му даваат исплакнат израз. Женките се покафеави, со посветли долни делови, немаат црно и сјајно перје, а грлото им е белкаво.
Remove ads
Живеалиште
Овие птици сакаат отворени, стари дабови или брезови шуми, со висока хоризонтална видливост, малку грмушки и дупки во старите дрвја каде ги сместуваат своите гнезда. Претпочитаат гнездото да им биде на работ од шумата, до чистините. Освен во шумите, птицата живее и во урбаните средини, во парковите и градините. Најчесто гнездото го прават во природните дупки на дрвјата, па во мртвите дрвја или дрвјата со мртви гранки, а користат и куќички за птици. Сакаат гнездото да им е покриено со многу мов и лишаи. Користат и стари иглолисни шуми, особено во северниот дел на опсегот.[2][3]
Поведение

Преку лето, оваа птица живее речиси во цела Европа, западна Азија и северозападна Африка. Таа е птица преселница која зимува во централна Африка и Арабија.
Напролет, на почетокот до средината на април, први пристигнуваат мажјаците,[4] често неколку дена пред женките. Во мај, несат 5-6 светлосини јајца, а имаат и второ легло во текот на летото. Заминува за Африка меѓу средината на август и на почетокот од октомври. Се храни како другите муварчиња, со инсекти кои ги лови откако ќе пројдат покрај нив, значи претежно со летачки инсекти. Огласувањето му е разговорливо, а алармниот повик му е една тажна нота уит.[2] Песната на мажјакот е слична на црвеногушката, но само увертира, бидејќи има недовршен, изнемоштен крај.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads