Лисец

село во Општина Тетово From Wikipedia, the free encyclopedia

Лисецmap
Remove ads

Лисец — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во источните падини на Шар Планина, во областа Долни Полог, оддалечено 11,5 километри западно од Тетово.

Историја

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Лисец живееле 300 жители, сите Албанци.[2]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото било дел од Селечка општина со центар во Шипковица и имало 100 куќи со 540 жители, сите Албанци.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[4]

На пописот од 2002 година, селото имало 692 жители, сите Албанци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 384 жители, од кои 5 Македонци, 340 Албанци, 1 останат и 38 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Лисец е албанско село.

Како најстар албански род во селото се споменува родот Шаља (37 куќи). Потекнува од родот Шаља во северна Албанија (во околината на Скадар), а тука се доселил во втората половина на 18-от век.[11]

Според истражувањата од 1948 година, родови во селото се

  • Шаља (37 к.) името го добиле по фисот Шаља во северна Албанија (околината на Скадар). Од таму се доселиле во XVIII век.
  • Баки (12 к.) имаат исто потекло како и претходниот род.
  • Љуц (11 к.) доселени се од Љура во северна Албанија.
  • Арнор или Цили Мили (14 к.) доселени се од селото Арна во северна Албанија.
  • Џоке (15 к.) доселени се од Ујмиште во северна Албанија.
  • Берише (16 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.
  • Торбеши (4 к.) они се албанизирани. Доселени се од горанското/торбешко село Урвич. Кога дошол основачот на родот говорел македонски. Но се поалбанчиле мешајќи се со Албанците. Сега се издаваат дека припаѓаат на родот Баки.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 2083 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 761 гласач.[14]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

  • Хиџет Рамадани (2 октомври 1924 - Скопје, 1990) - македонски и југословенски правник и политичар
  • Проф. д-р Сади Беџети (р.1 ноември 1957) - македонски универзитетски професор, ректор на Тетовскиот универзитет и поранешен градоначалник на Општина Тетово.
  • Насер Мисини - член на ДПА, опишуван како сива еминенција на актуелното водство на партијата.

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads