Лисец (Голешница)
врв во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лисец — највисок врв на планината Голешница, која е крајната источна огранка на планинскиот масив Мокра во средишниот дел на Македонија. Неговата надморска височина изнесува 1.935 метри[1].
За други значења на поимот, погл. Лисец (појаснување).
Remove ads
Географија
Местоположба

Сместен е на просторот помеѓу Скопје и Велес во исклучително тешко пристапен терен обраснат со многу дабова, букова, зимзелена и нискостеблеста шума во која што живее многу дивеч, ограден од реката Вардар на исток, Кадина Река на север и Тополка на југ додека на запад преку сртот на врвот Сипичан (1.790 м.) и огранката Јуручица се поврзува со Бегово Поле и највисокиот врв на целиот масив — Солунска Глава (2.540 м.).
Ретката посетеност на врвот Лисец на Голешница се должи на тешката пристапност поради географските одлики и услови на теренот. имено, пристапот од сите страни на врвот Лисец е опкружен со многу ниски преслапи и превои како Вилјак (1.125 м.) над кој се извишува врвот Дива Леска (1388 м.) и Мала Река (816 м.) над кој се издигнува врвот Студена Вода (1475 м.), поради што искачувањето на Лисец подразбира искачување на овие врвови спуштање пониско до овие седла и повторно искачување до самиот врв, при што целосниот потфат за искачување достигнува и 2000 метри денивелација надминувајќи и временски период од 6-7 часа.
Remove ads
Патеки
При одржувањето на првата акција од планинарскиот предизвик „12 Врвови“ од викенд-населбата Мала Река и истоимената река преку гребенот Османбежица до самиот врв е маркирана патека со јасни обележувања, а исто така постои пристап и обележаност и од велешката страна од селото Дреново.
Планинарски дом
Недалеку, наспротив врвот постои разрушениот планинарски дом и некогашно воздушно лекувалиште „Бреза“ на истоимениот гребен и врв висок 1396-1405 м.н.в. Глетката од врвот ги опфаќа Солунска Глава, Китка, долината на Вардар, поширокиот регион на Велешко со вештачкото езеро „Лисиче“.
Галерија
- Поглед на Лисец од Османбежица на исток
- Изглед на самиот врв Лисец
- Поглед од самиот врв кон југ
- Поглед од самиот врв кон север
- Билото на самиот врв кон југ
- Карпест гребен на северната падина под врвот Лисец
- Поглед од Салакова Планина на врвот Лисец во најкрајната позадина
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads