Ловчишта

село во Драмско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Ловчиштаmap
Remove ads

Ловчишта или Ловча (грчки: Καλλίκαρπο, Каликарпо[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Ловчишта Καλλίκαρπο, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 46 километри северно од градот Драма, на надморска височина од 660 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ловчишта се состоело од 48 семејства и 125 жители македонски муслимани[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 390 македонски муслимани[5].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 513 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 410 луѓе[6].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1927 година, селото било преименувано во Каликарпо[7].

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле населени 40 грчки бегалски семејства со вкупно 144 луѓе[6]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 144 лица, додека во 1940 година селото броело 181 жител. Селото во пописот од 1951 година броело 58 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 112 жители, во 1971 година имало 46 жители, во 1981 година имало 25 жители, додека во 1991 година имало 26 жители[6]. Денеска, населението на селото е 24 жители според пописот од 2011 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads