Лопеш

село во Населичко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лопеш
Remove ads

Лопеш (грчки: Απιδέα, Апидеја; до 1960 г. Ανάργυροι, Анаргири[2]; до 1927 г. Λώπες, Лопес[3]) — село во Населичко, Егејска Македонија, денес во општината Горуша на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 13 жители (2021).

Кратки факти Лопеш Απιδέα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено во областа Населица, околу 5 км југозападно од гратчето Лапчишта.[4]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Лопеш било грчко село во Населичката каза на Серфиџенскиот Санџак.

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Лопеш живееле 71 Грци.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Лопеш има 70 Грци.

Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Лопеш живееле 90 Грци христијани.[6]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година населението броело 130 жители.[4]

Во 1940 г. населението достигнало 159 жители, но потоа почнало да опаѓа и истото се намалува до денес.[4]

Remove ads

Стопанство

Населението произведува жито, компири, тутун и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.[4]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads