Лофотенски Острови
аргипелаг и област во Норвешка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Лофотенски Острови или само Лофотен (норвешки: Lofoten, изг. Луфутн) — архипелаг во северниот дел на Атлантскиот Океан, во округот Нурлан во Норвешка. Зафаќаат површина од 1.227 км2 и население од 24.500 жители. Aрхипелагот го сочинуваат многу острови, меѓутоа трите најголеми се: Еуствогсеј, Вествогсеј и Москенесеј. Во последно време Лофотенските Острови стануваат привлечно туристичко одредиште на Норвешка, пред сè поради прекрасните предели кои се наоѓаат на овие острови.

Remove ads
Природни услови
Површината на Лофотенските Острови е 1.227 км2. Сите острови се со голема брегова разгранетост, со многубројни мали заливи и полуострови. Островите се планински, со прилично голема надворска височина. Поради влијанието на Голфската струја климата е многу блага за ова подрачје кое се наоѓа над Северниот Поларник, па така летата се свежи, а зимите благи и врнежливи.
Население
На Лофотенските Острови денес живеат над 24.000 жители, најмногу од нив се занимаваат со риболов и преработка на риба. Во последните години туризмот претставува многу значајна гранка и голем придонес на островјаните. Најголема населба и главен град на островите е Сволвер.
Надворешни врски
- Официјална страница
- Лофотенски острови на Flickr
- Првото мрежно место за островите од 1996 г.
- УНЕСКО Културно наследство
- Слики од островите Архивирано на 14 јуни 2012 г.
- Галерија на островите Архивирано на 19 декември 2005 г.
![]() | Оваа статија за место во Норвешка е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads