Лужички јазици

From Wikipedia, the free encyclopedia

Лужички јазици
Remove ads

Лужичките јазици (serbsce, serbski) — мала група словенски јазици, дел од подгрупата на западнословенски јазици. Овие јазици се мајчини јазици на Лужичките Срби, автохтоно словенско население во областа Лужица во Источна Германија. Низ историјата, јазиците биле познати како вендски јазици или лужичкосрпски јазици. Овие јазици се слични со останатите западнословенски јазици, односно со полскиот, чешкиот, словачкиот и кашупскиот.[1]

Кратки факти Лужички јазици, Географска распространетост: ...
Кратки факти

Денес има два стандардни лужички јазици: горнолужички јазик и долнолужички јазик. Горнолужичкиот го зборуваат околу 40.000 луѓе во Саксонија, додека долнолужичкиот е зборуван од околу 10.000 луѓе во Бранденбург. Оваа област каде се зборуваат овие јазици е позната како Лужица.

Во Германија, горнолужичкиот и долнолужичкиот се признати и заштитени малцински јазици. Двата јазика во Лужица се официјални, заедно со германскиот. Центар на горнолужичкорпската култура е Бауцен. Во градот горнолужичкиот е доста застапен во секојдневната комуникација и се користи на сообраќајните знаци. Како центар на долнолужичката култура се смета Котбус. Како и во Бауцен, така и во Котбус има двојазични сообраќајни знаци.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads