Лучишта

село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лучишта
Remove ads

Лучишта или Лутишта (дијалектно: Лучишча; грчки: Κερασώνα, Керасона; до 1927 г. Λούτιστα, Лутиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои само 1 жител, Македонец (2021).[3]

Кратки факти Лучишта Κερασώνα, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Костенарија, на 25 км југозападно од градот Рупишта, во јужните пазува на планината Одре, на надморска височина од 850 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Лучишта било македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села.[3] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Лучишта имало 90 жители, сите Македонци.[4][5]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски семејства.[4][6] На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Лучишта е означено како „грчко“ село.[7]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 126 жители.[3] Нивниот број во 1920 г. се намалил на 100. Во 1927 г. името на селото било променето во Керасона (Κερασώνα).

Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). Било нападнато од страна на организирани грчки вооружени банди и од војската.[3] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Remove ads

Стопанство

Селото се смета за мошне сиромашно. Населението се занимава со земјоделството и сточарството.[3]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жиковишта, во кој влегуваат и селата Бухин и Жиковишта.

Личности

Родени во Лучишта

  • Паскал Минов — гркомански андартски деец[8]
  • поп Стерјо — гркомански андартски деец[8]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads