Л’џа (Нигритско)
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Л’џа (грчки: Θερμά, Терма; до 1923 г. Λίτζα, Лиѕа[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле, јужно од Сер. Лежи во северното подножје на Богданска Планина, на околу 4 км источно од Нигрита. Крај селото има лековити минерални бањи.[3]
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX и почетокот на XX век Л’ца било село во Серскат аказа. Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Л’џа Дере имало 300 жители, сите Турци.[4]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 215 жители, а во 1920 г. во него се попишани 196 лица.[3] Во 1923 г. селото е преименувано во Терма. Населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Л’џа (Λίτζια) е претставено како наполно дојденско село со 363 жители (92 домаќинства).[5]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Културни и природни знаменитости
- Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1950 г.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads