Макадамија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Макадамија е род од четири вида дрвја автохтони за Австралија кои сочинуваат дел од фамилијата на растенија Proteaceae.[1][2] Потекнуваат од североисточниот дел на Нов Јужен Велс и централниот и југоисточниот дел од Квинсленд. Три видови од овој род се важни за трговски цели поради нивните плодови орев од макадамија (макадамиски орев или само макадамија). Вкупното светско производство во 2015 година изнесуваше 160,000 тони.[3] Позната е и под други имиња како Квинслендшки орев, грмушкаст орев, баупле орев и Хавајски орев.[4] На абориџински јазик плодот се нарекува: боупл, гиндл, јиндили [4] и бумбера.


Оревот за прв пат почна да се одгледува за комерцијални цели на Хаваи, откако семето од Австралија беше донесено во 1880-тите, и извесно време тие беа најголем светски производител.[5][6] Во 2010 година Јужна Африка го презеде приматот како најголем производител на макадамија.
Remove ads
Етимологија
Германско-австралискиот ботаничар Фердинанд фон Милер во 1857 година го нарече овој род Макадамија во чест на шкотско-австралискиот хемичар, наставник по медицина и политичар Џон Макадам.
Опис
Макадамија е зимзелено растение кое расте од 2 до 12 метри во височина.
Од три до шест листови излегуваат од едно колено, и имаат ланцеолатна до елипсовидна форма, долги се од 6 до 30 см и широки од 30 до 130 мм, со целосен или боцкаво-назабен раб. Цветовите растат во долг, виток, едноставен грозд долг од 50 до 300 мм, а поединечните цветови се долги од 10 до 15 мм. Бојата им е розово-бела или виолетова, со четири латици . Плодот е тврда, дрвенеста, сферична фоликула со зашилен врв, и содржи едно или две семиња . Лушпата е исклучително тврда и потребни се околу околу 2000 њутни за да се скрши. Лушпата е пет пати потешка од лушпата на лешникот и има механички својства слични на алуминиумот. Има Викерсова тврдост од 35.[7][8]
Remove ads
Одгледување
Три од четирите видови - Macadamia integrifolia, Macadamia ternifolia и Macadamia tetraphylla - се од комерцијална важност. Четвртиот вид, M. jansenii, раѓа отровни ореви како резултат на цијаногените гликозиди што ги содржи.
Макадамијата обично се размножува со калемење; а младото дрво не дава плодови сè додека не наполни 7-10 години, но потоа може да се бере повеќе и од 100 години. Макадамиите претпочитаат плодни, многу пропустливи почви, врнежи од 1,000 до 2000мм, и температури кои не се спуштаат под 10 °C, со оптимална температура од 25 °C. Дрвото од макадамија има плиток и лесно може да биде соборено од појака бура. Овие дрва се подложни на болест на коренот на дрвото наречена Phytophthora. Во 2019 година, оревот од макадамија беше најскап орев на светот, што најмногу се должи на бавниот процес на берба.[9]
Производство
Во 2018 година, Јужна Африка беше водечки производител на макадамиски ореви, со удел од произведени 54.000 тони во целокупното светско производство кое изнесуваше 211.000 тони.[12] Макадамија комерцијално се произведува во многу земји од Југоисточна Азија, Јужна Америка, Австралија и Северна Америка кои имаат средоземна, умерена или тропска клима .[12]
Исхрана
Оревите од макадамија содржат 1% вода, 14% јаглехидрати, 76% масти и 8% белковини. 100 грама макадамиски ореви имаат 740 килокалории и се богат извор (20% или повеќе од препорачаната дневна вредност (ДВ)) на бројни есенцијални хранливи материи, како: тиамин (104% ДВ), витамин Б 6 (21% ДВ) ), други Б витамини, манган (195% ДВ), железо (28% ДВ), магнезиум (37% ДВ) и фосфор (27% ДВ).
Во споредба со другите јаткасти плодови, како бадемите и индиските ореви, макадамиите имаат високо ниво на вкупни масти и релативно ниско ниво на белковини. Имаат голема количина на мононезаситени масти (59% од вкупната содржина), а содржат и омега-7 палмитолеинска киселина (како 17% од вкупните масти).[13]
Токсичност кај кучињата
Макадамиите се отровни за кучињата. Голтањето може да предизвика со труење од макадамија кај овие животни, манифестирана со слабост и парализа на задните екстремитети (неможност за стоење), а се јавува во рок од 12 часа по внесувањето.[14] Непознато е зошто макадамиите се токсични за кучињата, и зошто ваквите ефекти се појавуваат само кај нив.[15] Во зависност од проголтаната количината и големината на кучето, симптомите кои се јавуваат вклучуваат тресење на мускулите, болки во зглобовите и силна болка во стомакот. Понекогаш може да бидат потребни и лекови за ублажување на симптомите додека не се намалат токсичните ефекти, а за целосно опоравување обично се потребни 24 до 48 часа.[14]
Remove ads
Други намени
Дрвото се одгледува и како украсно растенија во суптропските региони поради нивните блескави лисја и привлечни цветови. Цветовите произведуваат високо ценет мед. Дрвото се користи како декоративен предмет.[16]
Семето од макадамија се користи како храна на хајцинт ара папагалите. Овие папагали се едни од ретките животни, освен луѓето, способни да ја скршат лушпата и да ја изедат јатката.[17]
Поврзано
- Масло од макадамија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads