Македонски парламентарни избори (1998)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски парламентарни избори (1998)
Remove ads

Парламентарните избори 1998 година се одржани на 18 октомври и 1 ноември 1998 година. Победник на изборите беше ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира коалициска влада заедно со Демократска алтернатива и Демократската партија на Албанците.

Кратки факти 120 мандати во Собранието, Прва партија ...

Дотогашниот изборен систем беше променет од мнозински со два круга во мешовит паралелен изборен систем. 85 мандати се распределуваа во едно-мандатни изборни единици, а останатите 35 мандати – преку пропорционалниот Донтов систем, при што целата држава беше една изборна единица. За пропорционалните листи беше воведен изборен праг од 5%.

Одзивот на гласањето за партиските листи беше 72,9%, а за мнозинската листа во првиот круг одзивот беше 72,9%, а во вториот круг - 69,4%.[1]

Remove ads

Резултати од пропорционалното гласање

Политички партии Освоени гласови % Освоени мандати
ВМРО ДПМНЕ 312.669 28,10 11
Социјалдемократски сојуз на Македонија 279.799 25,14 10
ПДП и ДПА 214.360 19,26 8 (4 и 4)
Демократска алтернатива 119.352 10,73 4
ЛДП и ДПМ 77.788 6,99 2
Социјалистичка партија на Македонија, ПЦЕР, ДПТ, ДППРМ и СДА 52.284 4,70 0
Демократска партија на Србите во Македонија 14.930 1,34 0
ВМРО ДОМ 11.577 1,04 0
Партија на пензионерите 5.970 0,54 0
МААК - Конзервативна партија 5.596 0,50 0
ВМРО - Демократска партија 3.746 0,34 0
Граѓанска либерална партија на Македонија 3.393 0,30 0
Сојуз на комунистите на Македонија 2.756 0,25 0
Социјалистичка христијанска партија на Македонија 2.186 0,20 0
Комунистичка партија на Македонија 2.058 0,18 0
Работничка партија 1.528 0,14 0
Група избирачи 2.762 0,25 0
Неважечки гласови 33.703 2,9 /
Вкупно 1.146.457 100 35
Регистрирани гласачи/одзив 1.572.976 72,9 /

Извор: Собрание на Република Македонија, Благоја Нинески „Изборите, медиумите и партиите во Македонија 1990-2000“, „Студентски збор“, Скопје, 2001, 64, 194-195 стр. и Цане Мојаноски, „Летопис на македонската демократија“, „Пакунг“, Скопје, 2000, 71 стр.

Remove ads

Добиени гласови и мандати според мнозинската листа

Политички партии Освоени гласови (прв круг) % Освоени гласови (втор круг) % Освоени мандати
ВМРО ДПМНЕ и Демократска алтернатива 369.615 33,05 373.001 47,87 47 (38 и 9)
Социјалдемократски сојуз на Македонија 278.766 24,93 273.193 35,06 17
ЛДП и ДПМ 161.190 10,39 34.766 4,46 2
Партија за демократски просперитет 132.430 11,84 18.153 2,33 10
Социјалистичка партија на Македонија 60.542 5,41 12.534 1,61 1
Демократска партија на Албанците 53.469 4,78 28.361 3,64 7
Демократска партија на Србите во Македонија 11.841 1,06 / / 0
Независен 11.398 1,02 5.128 0,66 0
СПМ, ПЦЕР, ДПТ, ДППРМ и СДА 10.962 0,98 3.679 0,47 0
СДСМ и СДПМ 9.411 0,84 5.450 0,70 0
ВМРО - Демократска партија 9.050 0,81 / / 0
МААК - Конзервативна партија, МА и ДП 8.367 0,75 / / 0
ВМРО-ДПМНЕ 6.927 0,62 8.195 1,05 0
Демократска алтернатива 6.907 0,62 / / 0
Партија за демократска акција - Вистински пат 5.774 0,51 4.774 0,61 0
Демократска партија на Турците 3.933 0,35 / / 0
ВМРО ДПМНЕ, ДА и Лига за демократија 3.615 0,32 4.695 0,60 0
Сојуз на Ромите од Македонија 3.577 0,32 7.294 0,94 1
Останати 15.636 1,40 / / 0
Неважечки гласови 27.946 2,4 14.481 1,8 /
Вкупно 1.146.335 100 793.674 100 85
Регистрирани гласачи/одзив 1.572.976 72,9 1.142.926 69,4 /

Извор: Собрание на Република Македонија, Благоја Нинески „Изборите, медиумите и партиите во Македонија 1990-2000“, „Студентски збор“, Скопје, 2001, 64, 194-195 стр. и Цане Мојаноски, „Летопис на македонската демократија“, „Пакунг“, Скопје, 2000, 72 стр.

Remove ads

Вкупно освоени мандати

Политички партии Мнозинска листа Пропорционална листа Вкупно освоени мандати +/-
ВМРО ДПМНЕ 38 11 49 49
Социјалдемократски сојуз на Македонија 17 10 27 60
Партија за демократски просперитет 10 4 14 4
Демократска алтернатива 9 4 13 13
Демократска партија на Албанците 7 4 11 11
Либерално демократска партија 2 2 4 2
Социјалистичка партија на Македонија 1 0 1 8
Сојуз на Ромите од Македонија 1 0 1 1
Вкупно 85 35 120

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads