Петар Гошев

Политичар од Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Петар Гошев
Remove ads

Петар Гошев (роден на 5 септември 1948 година во Пирава, Валандовско) — македонски политичар и поранешен гувернер на Народната банка на Македонија.

Кратки факти Петар Гошев, Пратеник во Собрание на Република Македонија ...
Remove ads

Животопис

Петар Гошев дипломирал на Економскиот факултет во Скопје во 1971 година, а во 1983 станал магистер по економски науки. Работел како економист во Фабриката за автобуси „11 Октомври“ Скопје. Бил економски советник во Синдикатот на Македонија, а извесен период и шеф на Кабинетот на претседателот на Синдикатот на Македонија.

Од 1984 до 1988 е член на Претседателството на ЦК на Сојузот на комунистите на Македонија. Во 1989 бил избран за претседател на СКМ и на таа функција останал до 1991 година. Бил и шеф на делегацијата на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ.

На Парламентарните избори во 1990 година, Гошев бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СКМ-ПДП. Поради несогласувања со новото раководство на СДСМ, Гошев во 1993 се отцепил од партијата и ја формирал Демократската партија. При тоа бил избран за нејзин претседател. Од 1997, со обединувањето на Демократската и Либералната партија, станал претседател на Либерално демократската партија. На Парламентарните избори во 1998 година бил повторно избиран за пратеник[1]. Претседател на ЛДП бил до 1999 година, кога поради неуспехот на партијата на Парламентарните избори во 1998 година, поднесол оставка.

По Парламентарните избори во 2002 година, во периодот од 1 ноември 2002 до 7 ноември 2003 година бил Министер за финансии на Република Македонија. На функцијата Гувернер на Народната банка на Македонија бил избран во 2004 година и на таа функција се задржал до 2011 година.[2]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads