Максимилијан I (Баварија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Максимилијан I (Баварија)
Remove ads

Максимилијан I (германски: Maximilian I, роден на 17 април 1573 во Минхен - починал на 27 септември 1651 во Инголштат) — владетел од баварската Династија Вителсбах, војвода на Баварија од 4 февруари 1598 година, по абдикацијата на неговиот татко[1], изборен кнез на Пфалц во периодот од 1623 до 1648 година и изборен кнез на Светото Римско Царство од 1623 година. Управувал во текот на Триесетгодишната војна.

Кратки факти Војвода на Баварија, На престол ...
Remove ads

Животопис

Максимилијан бил син на војводата Вилхелм V (1548-1626) и Рената (1544-1602), ќерка на Франц I, војвода од Лорен. Тој бил запишан на језуитски колеџ и универзитет во Инголштат во 1587 година заедно со неговиот братучед, подоцнежниот цар Фердинанд II. На 4 февруари 1598 година застанал на местото на неговио татко, во време кога јавната каса била испразнета, поради кое започнал големи реформи во полицијата, судовите и армијата.

Во 1609 година Максимилијан I го добил правото да раководи со Католичката лига и го добил градот Донауверт од царот Рудолф II. Максимилијан и Јохан Церклас Тили за време на Триесетгодишната војна биле поразени во близина на Рајна. На 8 ноември 1620 година протестантите биле поразени во битката на Бела Планина кај Прага, во која учествале 25.000 баварци. Во знак за благодарност Максимилијан I во февруари 1623 година ја добил титулата изборен кнез. По отфрлањето на Фридрих V од царството, Максимилијан I го добил Горен Пфалц. Така Војводство Баварија станало изборно кнежевство. Неговите територии биле потврдени со потпишувањето на договорот од 1648 година.

Во негово време била реконструирена и проширена Минхенската резиденција, која се претворила во најголема палата во рамките на царството.

Кон крајот на својот живот Максимилијан I се ангажирал најмногу со религијата. Починал на 27 септември 1651 година за време на поклонение во Инголштат.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads