Мали Орман (Вратница)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мали Орман често нарекуван и Кале — археолошко наоѓалиште т.е. населба од доцноантичкото време во тетовското село Вратница. Наоѓалиштето лежи на 3 км северозападно од селото, кај притоката на Ливадичка Река во Љуботенска Река. На тоа место се издигаат стрмни карпи на кои има издолжено плато опкружено со остатоци од бедем седан од кршен камен и варов малтер. Населбата има доминантна положба, со извонредно добар поглед кон околината. Освен со бедемот, природно е заштитена со стрмните падини, а преку седлото на северозападната страна е поврзана со Шар Планина под Љуботен.[1][2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads