Малкоец
село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Малкоец — село во областа Копачка, во Општина Кичево, сместено на патот помеѓу Кичево и Охрид. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.
Remove ads
Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Копачка, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, на левата страна на патот Кичево-Охрид, во изворишното сливно подрачје на реката Треска. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Дебрца.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]
Куќите на ова село се наоѓаат лево од патот Кичево-Охрид, недалеку од соседното поголемо село Попоец. Атарот на селото се наоѓа главно на планински терен.[3]
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Арамиска Падина, Краста, Малевица, Клокотарица, Завоји, Кутел и други.[3]
Селото е од збиен тип.[3]
Селото Малкоец се наоѓа во областа Горна Копачка, оддалечено 17 километри југозападно од Кичево.
Remove ads
Историја
По народното предание, Малкоец е основано кога и соседното село Попоец, односно во втората половина на XVIII век.[3]
Основачот на Малкоец има исто потекло како основачот на соседното село Попоец, од сливот на Црн Дрим.[3]
Во XIX век, Малкоец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.
Жителите на селото многу страдале од непријателите во текот на Втората светска војна.[3]
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 11,1 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 715 хектари, на пасиштата отпаѓаат 236 хектари, а на обработливото земјиште 105 хектари.[2]
Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Малкоец имало 120 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Малкоец имало 200 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Малкоец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[6]
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училиштен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Вранештица:[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]
Малкоец е мало село, кое што во 1961 година имало 290 жители, а во 1994 година 43 жители, македонско население.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Малкоец живееле 35 жители, од кои 33 Македонци и 2 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 7 Македонци, 1 Србин и 1 лице без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Родови
Селото Малкоец го основал братот на попот, кој го основал селото Попоец. Тоа било крајот на XVIII век и цело село потекнува од братот на попот, Мале, по кого селото го добило името Малкоец.[3]
Во селото е само еден род: Малевци, единствениот род во селото кој има 51 куќа.
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Малевци (45 к.), по потекло од Клење во Голо Брдо и слават Свети Никола. Веќе се венчаваат помеѓу себе, што значи дека се поминати 7 генерации.[15]
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Извор, во која покрај селото Малкоец, се наоѓале и селата Горна и Долна Душегубица, Ехлоец, Иванчишта, Извор, Кленоец и Попоец.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0773 според Државната изборна комисија, сместено во културниот дом.[16]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[17] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[19]
Remove ads
Личности
- Родени во Малкоец
- Темелко Јованов Стојаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Андре Дамјаноски (1895-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Славко Јованоски (1902-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Соколе Јованоски (1912-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Наќе Крстески (1912-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Петраќија Маркоски (1920-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Милко Митрески (1920-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ристо Митрески (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Аце Ристески (1922-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Аритон Силјаноски (1905-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Дејан Стојаноски (1919-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Стојан Стојаноски (1893-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Тренко Стојаноски (1926-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Илија Сталески (1914-1943) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ратко Трајаноски (1927-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ѓуро Митрески (1923-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Сиљанка Блажеска (1905-) — учесник во НОВ на Македонија
- Живка Дејановска (1922-) — учесник во НОВ на Македонија
- Стојанка Дејановска (1902-1963) — учесник во НОВ на Македонија
- Цена Дејановска (1916-) — учесник во НОВ на Македонија
- Милејца Савета Иваноска (1904-) — учесник во НОВ на Македонија
Remove ads
Културни и природни знаменитости

- Цркви[21]
- Црква „Св. Недела“ — главна селска црква.
Иселеништво
По Втората светска војна се појавиле поединечни иселувања од Малкоец. Едни иселеници отишле во Староец, додека пет семејства биле колонизирани во селото Јабука кај Панчево.[3]
Галерија
- Сретселото
- Спомен-чешма од НОБ
- Пат кон селото Малкоец
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads