Манастир „Св. Илија“ - Везник
манастир кај Везник, Серско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Илија (грчки: Ιερά Μονή του Προφήτη Ηλία) — женски манастир кај селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.[1][2]
Манастирот се наоѓа северно од Везник, на 8 км источно од Сер. Сместен е на рид на јужните падини на Сминица. Првата црква на ова место е изградена во 1911 г.,[2][3] но со време се срушила.[1]
Во 1990 г. група монаси започнале да градат манастир на местото, и во обновената манстирска црква севградени два ѕида од стариот храм.[1] Црквата е трикорабна базилика со дрвен покрив повисок среден кораб со три реда прозорци од обете страни. Трите кораби се разделени со квадратни столбови.[2] Сестринството се занимава со иконопис и везење со срма. Во параклисот „Пресв. Богородица Мироточива“ има точна компија на познатата истоимена икона. Во манастирот се чуваат мошти на светците Григориј V, Никола Плата и Филотеја Атинска.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads