Мане Накашев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мане Накашев, роден Емануил Константинов Накашев (Штип, 21 ноември 1888 — Варна, 21 февруари 1933) — македонски револуционер, магистар-фармацевт и општественик. Деец на Македонската револуционерна организација и Внатрешната македонска револуционерна организација на Тодор Александров.[1][2] Градоначалник на градот Велес меѓу 1915 и 1918 година за време на нејзината бугарска окупација во Првата светска војна.
Remove ads
Животопис
Мане Накашев е роден на 21 ноември 1888 година во градот Штип, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговиот татко бил Константин Накашев, исто така познат и како Коце Накашев, трговец кој потекнувал од трговско и свештеничко семејство. Мајка му се викала Елизавета Накашева (момиско: Штерева) која потекнувала од свештеничко семејство. Поголемиот брат на Мане Накашев е Панчо Накашев, фармацевт и деец во Македонската револуционерна организација. За неговото основно образование тој се школува во неговиот роден град Штип. Во 1900-тите се преселува во Скопје за да се школува во Скопската турска гимназија. После неговата матура тој се преселил во Истанбул за да се образува во Истанбулскиот универзитет. Завршил во 1911 година со диплома за фармација.[2]
Започнува со неговата работа во Кочани. Во летото 1912 година бил сведок на кочанскиот масакр организиран од турската влада против Македонците во градот. За време на масакарот Накашев се криел во неговата аптека за безбедност, после настаните тој ги пријавил убијците кај Карнегиева анкета за Балканските војни. Тие го посетиле градот и потврдиле најавите на Накашев, поради тоа бил принуден да се пресели во Велес за безбедност. Во Велес Накашев бил истакнат аптекар. После тоа тој е повикуван во Воден да ја управува општинската аптека, неговата аптека била претворена во база за македонски активисти и за центар на Македонската револуционерна организација во Воден за време на револуционерното движење.[3]
За време на Балканските војни тој избегнува од Грција поради борбитет и се преселува во Царството Бугарија за безбедност. Накашев успешно се преселил во градот Ловеч каде се вработува како фармацевт во првогласна болница. За време на Првата светска војна тој повторно се враќа во Ксанти, Егејска Македонија кога била окупирана од страна на бугарската армија. Накашев формира независна аптека за време на неговиот престој во градот.[3] Во 1915 година кога градот Велес потпаднал под суровата бугарска окупација Накашев се преселува во градот и бил назначен за градоначаник на градот меѓу 1915 и 1918 година.[1] После првата светска војна тој повторно се враќа во Бугарија и се вработува во државната болница во Варна, во 1919 година се вработува во Шуменската државна болница.[3] Работи во Свиштов и после пак во Варна. Учествува во политичкиот живот на Внатрешната македонска револуционерна организација. За време на расцепот на организацијата меѓу Иван Михајлов и Александар Протогеров во 1928 тој застанува на страна на Михајлов.[4]
Поради неговите политички ставови на 21 февруари 1933 година Мане Накашев е убиен од страна на Герман Петров со соработка со Коста Бичинов, Харалапми Каракашев, Наум Журков и Сребро Дилев. За време на неговиот погреб различни истакнати македонски активисти во Бугарија биле присутни, меѓу нив биле секретарот на националниот комитет на македонските братства Козма Георгиев, Васил Василев — пратеник во бугарското собрание, Миле Стојанов — делегат од Македонската младинска тајна револуционерна организација како и Крсто Пинзов и Никола Ников.[5]
Во јануари 1934 година младинската секција „Мане Накашев“, подгрупа на македонската младинска организација „Браќа Миладиновци“ во Варна, издава списанието „Воден“ со материјали во спомен на Мане Накашев под редакцијата на Калин Костадинов и Каилн Д. Калинов, списанието било издадено во негова чест.[6]
Remove ads
Надворешни врски
- Воден. В памет на Мане Накашев, год. I, бр. 1, Варна, януари 1934 година
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads