Мане Тодороски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мане Митов Тодороски ( 1922 во Јагол Доленци — 1945 во Славонска Пожега) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Потекнувал од селско сиромашно семејство. По занимање бил работник. Веднаш по окупацијата на Македонија, се определил за борба против фашистичкиот окупатор. Во борбата за конечното ослободување на Македонија и Југославија, се приклучил во редовите на Првата македонска бригада прво како водич, во есента 1944 година, а подоцна во состав на Петнаесеттиот корпус, со кој заминал на Сремскиот фронт каде загинал во борба против Германците, кај Славонска Пожега во април 1945 година.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads