Маса (соѕвездие)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Маса — соѕвездие на јужното небо, создадено во XVIII век. Името потекнува од латнискиот збор mensa што во превод значи маса. Се наоѓа на клучна местоположба во облик на клин со ректасцензија од 4 ч. до 7,5 ч., и деклинација од - 71 до -85,5 степени. Од сите поларни соѕвездија само Октант е појужно. Како резултат на ова, истото не може да се набљудува од северната полутопка. Покрај веќе споменатите ова соѕвездие се граничи и со Камелеон, Златна Рипка, Мала Водна Змија и Летечка Риба. Ова е единственото соѕвездие наречено по некоја особина на Земјата.
Remove ads
Историја

Маса како соѕвездие било осмислено од страна на Никола Луј де Лакај од слабосјајни ѕвезди на јужната полутопка во чест на планината Маса, во Јужна Африка. Иако ѕвездите од Маса не се јавуваат во митологијата планината по која истото е наречена има богата митологија. Наречена „Tafelberg“ на холандски планината има две соседни планини наречени „Ѓаволски Врв“ и „Лавовска Глава“. Оваа планина се споменува во митологијата на ’Ртот на Добра Надеж, позната по бурите, истражувачот Бартоломео Дијас ја замислувал Маса како митолошка наковална за грмотевици. Друг мит за опасностите на планината потекнува од Синдбад Морепловецот, арапски народен херој кој ја гледал планината како магнет која ги влечеал бродовите во длабочините на морето.[1]
Remove ads
Забележителности
Ѕвезди
Соѕвездието Маса не содржи сјајни ѕвезди, ѕвездата Алфа Маса е најсјајната ѕвезда со светлинска величина 5,09, правејќи го ова соѕвездие најтемното од сите соѕвездија. Алфа Маса е ѕведа слична на Сонцето со спектрална класа G5 на растојание од 33 сг. од Земјата и се смета за добар кандидат кој би можел да има планета слична на Земјата. Пи Маса, пак од друга страна, иако ѕвезда слична на Сонцето со спекрална класа G1 и на растојание од 59 сг. од Земјата, пронајдено е дека поседува голем гасовит џин во екцентрична орбита која минува низ животопогодниот појас, со што се отфрла можноста за постоење на планета која би била погодна за живот.
Далечни објекти
Маса содржи дел од Големиот Магеланов облак (остатокот е во Златна Рипка).
Првите слики снимени од страна на рендгенската опсерваторија Чандра со што беше откриен PKS 0637-752, квазар во соѕвездието Маса чии големи млазови на гас можат да се видат и во бранови должини на видливата светлина како и при X-зраци.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads