Машка ракометна репрезентација на Шведска

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Машка ракометна репрезентација на Шведска — национална репрезентација која ја претставува Шведска на меѓународни ракометни натпревари. Репрезентацијата е управувана од шведската ракометна федерација. Најуспешни периоди шведската репрезентација имала под водство на тренерите Курт Вадмарк (1948-1967) и Бенгт Јохансон (1988–2004). Репрезентацијата предводена од Бенгт Јохансон се смета за една од најдобрите во историјата на ракометот, со играчи како Томас Свенсон, Магнус Висландер и Стефан Левгрен. Од 1990 до 2002 година, шведската репрезентација стигала до фазата на медали на секое првенство (6 светски првенства, 5 европски првенства и 3 олимпијади, освојувајќи вкупно 13 медали, од кои 6 златни).

Кратки факти Податоци, Бои ...

Шведска е најуспешна земја на европските ракометни првенства со освоени 4 златни медали, и се наоѓа на врвот на табелата на медали на светските ракометни првенства со вкупно освоени 4 златни, 3 сребрени и 4 бронзени медали. Шведска е сопственик на европскиот рекорд за најмногу медали на меѓународните натпреварувања (20 медали). Спротивно на тоа, шведската репрезентација сѐ уште нема освоено златен олимписки медал и покрај четирите финални натпревари.

Remove ads

Одликувања

Повеќе информации Натпреварување, Вкупно ...

Меѓународни учества

     Шампион       Второпласирана       Трето место       Четврто место  

Олимписки игри

Повеќе информации Игри, Фаза ...

Светски првенства

Повеќе информации Година, Фаза ...

Европски првенства

Повеќе информации Година, Фаза ...
Remove ads

Моментален состав

Состав за Европското првенство 2018.[1]

Тренер: Кристјан Андресон

Повеќе информации Бр., Поз. ...
Remove ads

Статистика

Играчите кои сѐ уште активно играат се означени со задебелни букви.

Повеќе информации #, Играч ...
Remove ads

Поврзано

  • Ракомет во Шведска
  • Женска ракометна репрезентација на Шведска

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads