Мајки (филм)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мајки (филм)
Remove ads

Мајкимакедонски филм од 2010 година во режија и сценарио на Милчо Манчевски. „Мајки“ бил македонскиот кандидат за номинација за „Оскар“ на 83. доделување на Наградите на Академијата.[2]

Кратки факти „Мајки“, Режисер ...
Remove ads

Содржина

Филмот е триптих, во чиј состав влегуваат три различни и една од друга сосема независни приказни. Првата приказна се одвива во Скопје, а во фокусот се две деветгодишни девојчиња, кои решаваат да пријават манијак во полиција, иако воопшто не го виделе. Поради нивната лага, полицијата приведува еден невин човек.

Втората приказна се одвива во Мариово: новинарска екипа, составена од новинар, камерманка и снимач на звук, снима документарен филм за животот во напуштените села во Македонија. Така, тие се среќаваат со единствените жители на едно напуштено село - брат (го игра Билал) и сестра (ја игра Радмановиќ) на околу 80-90 години, кои се скарани од нивната младост и кои не попуштаат да се помират и покрај тоа што се целосно осамени и во селото и во животот. Дури кога братот умира, старата и немоќна сестра, со помош на камерманката (ја игра Стојановска), се обидува да му ископа гроб во тврдата земја.

Третата приказна е фактографска и овој дел од филмот е со документарен карактер. Станува збор за приказна за познатиот македонски сериски убиец - новинарот Владо Танески од Кичево, кој бил осуден за силување и убиство на пензионирани чистачки. Притоа, се прикажуваат искажувањата на блиските роднини и пријатели на жртвите, но и на сопругата на Танески.

Филмот „Мајки“ бил сниман на повеќе локации низ Македонија: Скопје, Мариово, Кичево, Тетово и Гостивар. Монтажата на филмот се вршела во неколку постпродукциски студија во Париз, Лондон и Минхен. Филмот започнал да се прикажува во 2010 година.[3][4]

Remove ads

Улоги

Повеќе информации Глумец, Улога ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads