Мајчина душичка

вид растение From Wikipedia, the free encyclopedia

Мајчина душичка
Remove ads

Мајчина душичка или мајчина душица[3] (науч. Thymus serpyllum) — вид цветно растение од родот матерка (Thymus) на семејството усноцветни (Lamiaceae). Природно е распространет во Европа и Северна Африка. Оваа ниска полегната полугрмушка расте до висина од 2 см и има ползечки стебленца долги до 10 см. Листовите се овални и зимзелени, долги 3–8 мм. Цветовите се долги 4–6 мм, распоредени во китки и имаат силен мирис. По боја може да бидат светловиолетови, розово-виолетови, магентни, а ретко и бели. Растението е издржливо и знае да расте на неповолни места. Наоѓа употреба во кулинарството и како билен чај.

Кратки факти Мајчина душичка, Научна класификација [ у ] ...
Remove ads

Опис

Ова е ползечко грмушесто растение со дрвенести стебленца и вретенест корен. Се раскоренува од јазлите на квадратестите млитави дршки. Листовите се во спротивни парови, речиси без дршки, елиптични и заоблени по облик со неназабени рабови. Лете никнуваат исправени цветни фиданки. Цветовите се обично розови или бледорозови, имаат цевчесто чашкино ливче и неправилно правоцевчесто влакнесто венче. Горното венечно ливче има засеци, а долното е поголемо од двете странични ливчиња и има три сплескани резниња кои образуваат устенце. Секој цвет има четири издадени прашници и две сраснати оплодни ливчиња. Плодот е сув четирикоморен шизокарп.[4]

Remove ads

Распространетост и живеалиште

Мајчината душичка е домородна во Европа и Азија. Вирее на тенки почви и се среќава на песокливи голети, карпести изданоци, ридови, брегови, крајпатни песта и крајречни песочини.

Со ова растение се хранат ларвите на пеперутките обичен и крупнодамчест синец. Привлечно е и за пчелите.[4][5]

Хемија

Маслото на мајчината душичка содржи тимол, карвакрол, лимонен, парацимен, гама-терпинен и бета-карофилен.[6]

Одгледување

Растението се одгледува лесно под услов да има доволно вода и сонце. Се наводнува обилно на секои 1-2 недели. Почвата треба да се одржува рамномерно влажна, но не презаситена за да се избегне гнилеж на коренот. Мајчината душичка најдобро успева на 6-8 часа непосредна или посредна сончева светлина дневно.[7]

Етнологија и митологија

Мајчината душичка се среќава во мотивите и обичаите на многу европски народи. Жртвите кои Старите Грци ги принесувале на боговите, биле спалувани со оваа билка. Старите Римјани верувале дека оваа ароматична билка може да ги брка змиите, скорпиите и други отровни животни. Во Тирол се верувало дека таа штити од секое зло, додека пак во Саксонија во неа ги капеле децата за да бидат успешни, како и заштитени од болести и зло.[8]

Капењето деца во вода со матерка се практикувало и кај словенските народи. Оваа билка кај словените има хтонски карактер и е врска со душите на починатите. Кај јужните Словени се поврзувала со култот на древното сесловенско божество Баба. Оваа билка има слично име на повеќето од словенските јазици: мала материнка, богородська трава (украински), материдушка (Mateřídouška - чешки), бабидушка (babyduška) кај Лужичките Срби, мајкина душица кај Србите.[9]

Remove ads

Галерија

Ботанички илустрации

Поврзано

  • Тимјан (Thymus vulgaris)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads