Метаксас (село)
село во Кожанско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Метаксас или Метакса (грчки: Μεταξάς) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Серфиџе на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 204 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа високо во планинита Добра, на 25 км јужно од градот Серфиџе, крај патот Негочани-Елевсина (ЕО3), на надморска височина од 1.060 м.[2]
Историја
Во Отоманското Царство
Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Според османлиски дефтер од 1528 г. во Метаксас имало 119 домаќинства со 536 жители.[3]
Во XIX век Метаксас било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот Санџак.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Метакса е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 85 куќи.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Метаксас (Μεταξάς) живееле 600 Грци христијани.[5]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 814 жител, кои во 1920 г. се намалиле на 811 лица.[2]
Remove ads
Стопанство
Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи, а поради поволни услови, доста внимание му се посветува и сточарството.[2]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 58 квадратни километри.[2] Општината Метаксас била приклучена во општината Серфиџе во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Серфиџе-Велвендо.
Селото припаѓа на општинската единица Серфиџе со седиште во истоименото гратче, која припаѓа на поголемата општина Серфиџе, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Метаксас, во кој е единствено село.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Цркви
- Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква, подигната во 1848 г.
Личности
Родени во Метаксас
- Анагностис Бизиотас — учесник во Грчката војна за независност
- Анастасиос Мицу, Јоанис Георгиу и Стерјос Мициу — учесници во Грчката војна за независност
- Фотис Јанкулас (? – 1925) — грчки разбојник
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads