Негочани

From Wikipedia, the free encyclopedia

Негочани
Remove ads

Негочани (грчки: Νίκη, Ники; до 1926 г. Νεγκότσανη или Νεγοτσάνη, Негоцани[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на Леринскиот округ во Западна Македонија, Грција. Населението брои 273 жители (2011) и до денес е чисто македонско.[3]

Кратки факти Негочани Νίκη, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Леринското Поле, 17 км северно од Лерин крај реката Ракова, на на самата граница со Република Македонија. Лежи на надморска височина од 592 м, а атарот му опфаќа 11 км2.[3] Во селото е сместен граничниот премин Негочани-Меџитлија за влез во Р Македонија.

Историја

Османлиско време

Thumb
Земјоделски објекти во Негочани за време на Првата светска војна

Негочани првпат се споменува во турски даночен регистар од 1468 г. како село со 200 домаќинства. Во 1481 г. бројот на домаќинствата се намалил на 112. Во записот се вели дека во селото се огледуваат лозја, лен, коноп, пчели и свињи и дека има мелници и пазар.[4]

Селото се споменува во османлиски даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Манастир во 1611-1612 година под името Негочан со 65 домаќинства.[5]

Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович го опишал Негофа како македонско село.[6][7] На почетокот на XX век селото ѝ припаѓало на Битолската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 Негочани имало 500 жители Македонци[8] и 150 жители Арнаути-муслимани.[9] На почетокот на XX век селото било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Негочани имало 480 Македонци[8] под грчка пропаганда и во селото работи грчко училиште.[10]

Припојување кон Грција

Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 630 жители.[3] Во неговиот патописен попис од 1917-18 г. Боривое Милоевиќ спомнува дека во селото има 40 куќи, сите македонски.[3] Во 1920 г. се регистрирани 562, а во 1928 г. — 662 жители.[3] Во 1926 г. Негочани е преименувано во Ники, што во превод значи победа.[11]

Во Граѓанската војна

Во Граѓанската војна селото многу настрадало, и како последица на тоа, бројот на населението почнал да опаѓа, главно поради сè поголемото отселување на жителите во прекуокеанските земји.[3]

Негочани учествувало во организирањето на НОФ и во состав на ДАГ со 10 борци, од кои тројца ги дале животите: Митре Абуков, Крсте Гаџовски и Коста Тодоровски (Марков).[12]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Долно Клештино со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Лерин, во округот Лерин. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Негочани, каде тоа е единствено населено место.

Стопанство

Главно занiмање на населението се производството на жито и сточарски преработки.[3]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads