Методија Симоновски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Методија Мирков Симоновски (Прилеп, 14 март 1927 ) — македонски етномузиколог и поет за деца.
Животопис
Симоновски е роден во Прилеп на 14 март 1927 година. Како виш стручен соработник на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје работи од 1 декември 1950 до 31 декември 1965[1]. Таму тој мелографирал голем број македонски народни песни и објавил неколку статии за македонскиот музички фолклор, за ориентализмите во тоналната градба во 1959, за рефрените во 1960, за терминологијата во 1961 и за народните верувања во 1962 година. Во 1963 година е добитник на наградата 13 Ноември за достигања од областа на уметноста.[2]
Remove ads
Библиографија
- Македонски музички фолклор, песни II, Скопје, 1959 (со коредактори);
- Македонските мелографи од крајот на XIX век, Скопје, 1962 (со коредактор).
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads