Мехетија

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мехетија
Remove ads

Островот Мехетиа (Meheti'a или Me'eti'a)вулкански остров кој се наоѓа во Тихиот Океан и припаѓа на групата Приветрени острови, кои се дел од архипелагот на Друштвените Острови, Француска Полинезија[1]. Порано постојано населен, бидејќи се наоѓа во центарот на трговските размени помеѓу Тахити и Туамоту[2], островот сега е ненаселен и пристапот до него е ограничен.

Кратки факти МехетиаMeheti'a Сан Кристобал, Будоар, Земја ...

Островот има површина од 2,3 квадратни километри, а највисоката точка е 435 метри. Добро дефинираниот вулкански кратер содржи многу активна топла точка. Во 1981 година островот бил центар на сеизмичка активност[3].

Remove ads

Топонимија

Првото познато име на островот, Тухуа, произлегло од топонимската споредбена студија[4]. Полинезијците имале навика да даваат исти имиња на две оддалечени локации, како островите Рапа и Рапа Нуи (Велигденски Остров). Така неколку топоними Мехетиа се наоѓаат на сличен остров наречен Тухуа во Нов Зеланд. Значењето на зборот тухуа доаѓа од тофуа (вулкан). Првото име на островот познато по легендите е Мекету натуамотски јазик (Меету на тахитиски), по името на некоја поглаварка која предводела голема група која го колонизирала островот по големите миграции на Нов Зеланд. При пристапување на власт во Тахити на Ту, името на островот станало Меетиа на тахитиски (Мекетиа на таумотски). На 2 април 1768, членовите на екипажот на бродовите на Луј-Антоан де Бугенвил го виделе островот Мехетиа и го нарекле Будоар[4], без да се закотват таму. Во 18 век, Шпанците го претставиле на географска карта давајќи му го името Сан Кристобал.

Remove ads

Географија

Мехетиа, кој се наоѓа во Тихиот Океан е дел од Француска Полинезија, во Друштвените Острови, поточно во Приветрените Острови. Како најисточен дел од овој втор архипелаг, се наоѓа на 111 км источно од Тахити[1]. Островот е дел од комуната на Тајарапу-Исток, но денес е ненаселен.

Островот е мал, километар и пол во пречник со површина од 2,3 км2 и се издига до 435 метри надморска височина на планината Фарера[1]. Нејзините стрмни падини, покриени со тропска вегетација и кои се спуштаат во океанот понекогаш формирајќи карпи се воздушно продолжение на подводна планина со 4.000 метри височина[1]. Еден кратер од 150 метри во пречник и 80 метри длабочина е присутен под врвот на островот, на неговото северозападно крило[1]. Островот нема корален гребен, ниту лагуна, а воедно нема ни природно пристаниште, што го отежнува пристапот до него[1].

Мехетиа е вулкан набљудуван со сеизмометар, и се напојува од врелата точка која претходно ги формирала другите острови кои се дел на Приветрените Острови и истиот е најмлад остров во групацијата[1].

Мехетиа е дел од општината Тајарапу-Исток и заедничката поврзана општина Таутира.

Remove ads

Историја

Островот бил виден во јуни 1767[5] од страна на Самуел Волис[6], кој го нарекол Ознабург во чест на неговиот втор син на Џорџ III, Фредерик Аугустус, кој ја имал титулата епископ на Оснабрик[5].

Thumb
Првата мапа на Тахити на Бугенвил на која се појавува островот Мехетиа, (Будоар).

Луј Антоан де Бугенвил пристигнал на Мехетиа на 2 април 1768[5]. На 6 ноември,1772, истражувачот Доминго де Бонечеа кој бил на бродот Aguila[7] го здогледал островот и го нарекол Сан Кристобал[8]. Островот во тоа време бил населен и овој ден ја одбележал првата средба на Шпанците со домородното население[9].

Единствената позната но непотврдена ерупција на Мехетиа била од 5 март до декември 1981 година, на 1.700 метри под нивото на морето, на југоисточната страна на планината[10]. Сепак, полинезиските легенди споменуваат "голем оган" и проток на лава од кратер без вегетација што укажува на тоа дека последната воздушна ерупција се случила пред помалку од 2.000 години[1].

Луѓе и настани

Во 1962 година, авантуристот Жак Талриш, победникот на натпреварот што се одржал во Париз, три недели престојувал на овој остров со минимум опрема за преживување. По трите поминати недели на Мехетиа, одлучил да се врати во цивилизација. Ова искуство го напишал во книгата, "Моето куче, мојот остров и јас" (Hachette, Bibliothèque verte, 1962).

Во јануари 2009 година, тим од научници (ботаничар, орнитолог, ентомолог) отишле на овој напуштен остров заради истражување[11].

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads