Мидлендс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мидлендс е дел од Англија и територијално во голема мера се совпаѓа со Кралството Мерсија од раниот среден век. Регионот Мидлендс се граничи со Велс, Северна Англија и Јужна Англија. Во 18 и 19 век Мидлендс бил важен центар на индустриската револуција. Регионот на Мидлендс е поделен на Западен Мидлендс и Источен Мидлендс и тие влегуваат во состав на деветте официјални региони во Англија. Бирмингем, во Западен Мидлендс, е втор по големина град во Обединетото Кралство.
Remove ads
Местоположба
Нема едногласност за тоа до каде се простира Мидлендс. Ако се дефинира дека е составен од статистичките региони на Источен Мидлендс и Западен Мидлендс,[1] тогаш во негов состав влегуваат окрузите Дербишир, Херефордшир, Лестершир, Линколншир (но со исклучок на Северен Линколншир и Североисточен Линколншир), Нортхемптоншир, Нотингамшир , Рапт, Стафордшир, Ворвикшир, Вустершир и метрополитенските окрузи од Западен Мидлендс. Ако не се следат официјалните регионални граници, Мидлендс може да ги вклучи и Питерборо (поранешен дел од Нортхемптоншир), Финингли (поранешен дел од Нотингемшир) и гореспоменатите општини од Линколншир.
Исто така, има неформален регион познат како Јужен Мидлендс кој се смета дека ги опфаќа јужните делови на Источен Мидлендс и северните делови од Јужна Англија.[2] За разлика од тоа, иако северните делови на Дербишир и Нотингемшир се официјално дел од Мидлендс, тие честопати се сметаат за дел од Северна Англија. Сепак, тие се вклучени во неформалниот регион Северен Мидлендс кој ги опфаќа северните делови на Западен и Источен Мидлендс, заедно со некои јужни делови на Северна Англија.[3][4][5]
Поранешни окрузи
Поранешните окрузи престанале да се користат за административни цели во 1899 година.
Remove ads
Географија
Областа е претежно ниска и рамна со изолирани ридови. Венлок Еџ, кој се протега низ подрачјето со извонредна природна убавина Шропшир Хилс, е долг, низок гребен, кој се протега на преку 24 км.[6] Висината на врвовите е помеѓу 300 м и 600 m; Киндер Скаут е највисока точка со 636 m.[7] Линколншир е единствениот крајбрежен округ во Мидлендс затоа што на запад регионот се граничи со Велс.
Клима
Мидлендс има умерена океанска клима, со студени, облачни, влажни зими и пријатни, претежно суви и сончеви лета. Температурата обично се движи од −0,4 °C во текот на зимските ноќи до 24,1 °C во текот на летото. Поради својата географска местоположба обично има претежно слаби ветрови, со топли денови и студени ноќи.[8][9][10]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Дополнително читање
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads