Миле Качаниклиев

From Wikipedia, the free encyclopedia

Миле Качаниклиев
Remove ads

Миле Кралев Качниклиев ( 1925 во Чучер16 април 1945 во Врпоље) ― македонски партизан и учесник во НОВ.[1][2]

Thumb
Спомен плоча на сите загинати борци во НОВ од селото Чучер-Сандево, меѓу кои и Миле Качниклиев
Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Роден е во сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште во селото. Се занимавал со земјоделство и сточарство.

Материјално ги помагал партизаните од порано.[1] Со доаѓањето на 16 македонска ударна бригада во неговото село, меѓу првите стапил во нејзините редови. Бил учесник во бројни акции на Бригадата против Германците кај Качаник.[2] По завршувањето на борбите во Македонија заминал на Косово, каде учествувал во ликвидирањето на одметнатите балистички банди. Потем заминал за Војводина, каде завршил воена и политичка настава и станал политички комесар на чета.[1]

Со четата учествувал при пробивот на Сремскиот фронт и во натамошното гонење на разбиениот непријател. Неговата чета посебно се истакнала во извршувањето на борбените задачи. Учествувал и во големата битка за Врпоље, каде на 16 април 1945 година, тој загинал. Бил закопан на местото каде што загинал.[1][2]

Remove ads

Поврзано

  • Неделко Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ[2]
  • Мирче Качаниклиев — македонски партизан, учесник во НОВ[2]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads