Мишко Михајловски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мишко Ангелев Михајловски - Миле ( 1926 Велес ― 3 април 1944 во Злетово, Пробиштип) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
Со семејството се доселил во Скопје. Завршил основно училиште. Изучил занает и работел како столар. Во 1943 година се поврзал со напредни младинци и се вклучил во скоевската група на столарските работници. Учествувал во собирањето на народна помош за партизаните. Кон крајот на 1943 година се случила провала на столарската група. Затоа, преку Куманово заминал во Козјачкиот партизански одред. Бил учесник во борбите и маршевите на Третата македонска ударна бригада. Храбро загинал во една борба против бугарските фашистички единици, на З април 1944 година,[1] кога бригадата ги ослободувала Злетовските рудници (Добрево и Пробиштип).[2]
Во населбата Кисела Вода во Скопје, една улица е именувана со неговото име.[3]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads