Милошево
село во Општина Крушево, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Милошево — село во Општина Крушево, во околината на градот Крушево.
Remove ads
Географија и местоположба

Ова мало село се наоѓа во јужниот рамничарски дел на Општина Крушево.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Крушево селото е оддалечено 13 километри.[2]
Милошево е мало потпланинско село на средина на патот помеѓу Пресил на југ и Свето Митрани на север.[3]
Селото има низински тип и куќите му се поредени покрај патот во насока север-југ.[3]
Историја
Селото е основано во 1923 година од колонисти во Далмација, населени на утрина (земја за пасење). Тогаш селото било основано во самата Пелагонија, 2 километри источно од денешното место (близу Крушеани). Меѓутоа, мештаните таму не можеле да живеат поради поплави. Во 1939 година, населението било преместено на денешното место.[3]
Во 1941 година било укинато името Милошево и се водело како маало на соседното Пресил.[3]
Во 1942 година, Милошево имало девет српски домаќинства. Тогаш, бугарските окупатори во секоја куќа го убиле домаќинот, а жените и децата ги протерале.[3]
Населбата била обновена по Втората светска војна од мештаните кои се вратиле. Тогаш, селото повторно го вратило својот статус на село.[3]
Remove ads
Стопанство
Бидејќи Милошево има заеднички атар со селото Пресил, за него нема одделни податоци за аграрната структура, односно не се води посебна катастарска евиденција.[2]
Население
Селото е мало и во 1961 година броело 79 жители, од кои 63 биле Македонци, а 16 жители Срби, а во 1994 година 60 жители, од кои 51 Македонци, а 9 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Милошево живееле 50 жители, од кои 38 Македонци и 12 Срби.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 42 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови
Милошево е македонско-српско село.[3]
Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1952 година родови во селото се:
- Српски родови во селото се: Загориќи (2 к.), Стојисављевиќи (2 к.), Стричевиќи (2 к.), Ружица (1 к.) и Суботиќи (1 к.), сите доселени од Далмација, Хрватска. Во Суботиќи живеел домазет од селото Острилци. И во една куќа од родот Стричевиќи живеел домазет од Базерник.
- Македонски род: Огњановци (1 к.), доселени се од Бирино, таму се доселиле од некое село во Железник.
Remove ads
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Крушево, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Крушево.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крушево.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Врбоец, се наоѓале и селата Годивје, Кореница, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Турско. Селото влегувало во рамки на Општина Свето Митрани во периодот 1950-1952, кога во нејзе се наоѓале селата Врбоец, Милошево, Пресил и Свето Митрани.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1200 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[10] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[11]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Споменици
- Споменик во чест на стреланите мештани од бугарските окупациски власти во 1942 година
Галерија
- Објект на гробиштата
- Спомен-плоча на споменикот
- Споменик на НОБ
- Селските гробишта
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads