Милја (село)
село во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Милја или Средна Милја (грчки: Μηλιά или Μεσαία Μηλιά) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 293 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 21 км западно од градот Катерина, во југоисточното подножје на планината Шапка, на надморска височина од 450 м.[2]
Историја
Неговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Во XIX век Милја било грчко село во Катеринската каза на Солунскиот санџак.
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 670 жители. Нивниот број во 1920 г. се намалил на 545 лица.[2]
Стопанство
Населението произведува жито, компири и други земјоделски производи.[2]
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Општествени установи
- Основно училиште
- Поранешна градинка
Самоуправа и политика
Во 1918 година, селото станало самостојна општина.[2] Во 1966 година, седиштето на општина Милја било префрлено во соседното село Долна Милја. Општината Милја била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.
Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Милја, во кој влегуваат селата Горна Милја, Долна Милја, Кариес и Фтери.
Remove ads
Културни и природни знаменитости

Цркви
- Црква „Св. Евстатиј“ — главна селска црква
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во 1898 година, прогласена за споменик на културата[3]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads