Михајло Свидерски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Михајло Свидерски (1991, Битола) — македонски писател.

Животопис

Свидерски е роден во 1991 година во Битола. Средното образование го завршил во Охајо, САД. Дипломирал и магистрирал на Универзитетот „Св. Кирил Методиј “ во Скопје.[1]

Творештво

За време на средношколските денови во САД, Свидерски се вклучил во американските младински поетски кругови за што бил и наградуван. Во 2008 година ја обавил збирката песни „Жетва на душата“. Во 2011 година, Свидерски бил застапен во антологијата на современата македонска поезија „Гласови“ (Φωνές), објавена на грчки јазик. Во 2012 година излегла неговата втора поетска збирка „Низ сонот од магли и дождови“, која во 2013 година била објавена во Плевен, Бугарија. Во 2014 година, Свидерски го објавил првото прозно дело, кусиот роман „Бело и црвено“ за кој ја добил наградата „Новите!“, а романот бил објавен од издавачката куќа „Темплум“.

Учествувал на повеќе поетски фестивали застапен е во домашни и странски книжевни списанија, антологии и зборници. Поезијата на Свидерски е застапена во повеќе литературни списанија во Македонија и во странство. Неговите песни се преведени на англиски, бугарски, руски, грчки, српски, албански и унгарски јазик.[2]

Член е на ДПМ.

Remove ads

Објавени дела

Проза:

Стихозбирки:

  • Жетва на душата (2008)
  • Ѕвезди што спијат (2017)
  • Граници (2020)

Награди и признанија

Свидерски е добитник на следниве награди и признанија:

*Во 2014 година, Свидерски го објавил првото прозно дело, кусиот роман „Бело и црвено“ за кој ја добил наградата „Новите!“, а романот бил објавен од издавачката куќа „Темплум“.

*Во 2019 година во издание на Или-Или го издал романот „Последните денови на Ханс“. Романот влегол во најтесен избор за наградата „Роман на годината“ за 2019 година, и бил номиниран за Наградата за литература на Европската Унија (EUPL) за 2020 година.[4]

*Во 2020 година за поетската збирка „Граници“ во издание на издавачката куќа Восток, ја добил наградата „Антев златник“ на меѓународната манифестација „Антево слово“ во чест на поетот Анте Поповски.[5]

*Во 2022 година во издание на Восток, го издал романот „Синовите на Адам“.[6] Романот бил награден со наградата „Книжевен круг“ за најдобро прозно остварување.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads