Млада демократско-прогресивна странка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Млада демократско-прогресивна странка — поранешна македонска политичка партија.

Кратки факти Млада демократско-прогресивна странка, Водач ...
Remove ads

Историја

Партијата е основана на 1 јули 1990 година, како партија - наследник на Сојузот на социјалистичката младина на Македонија (ССММ). Претходно, на 13-тиот Конгрес, ССММ го истакна политичкиот интерес за формирање нова политичка партија која би дејствувала во континуитет со дотогашните политички ставови и определби. Претседател на партијата е Ристо Иванов. На 3 октомври 1990 година, ја промовира својата политичка програма и слоганот: „Заедно, за среќа и задоволство на секој поединец“. Во врска со прашањето на осамостојувањето на Македонија, МДСМ се залага за: слободна, просперитетна Македонија во рамноправна југословенска, балканска и европска заедница, што јасно укажува дека оваа партија немала јасно утврден став во врска со осамостојувањето. За иднината на Југославија, МДСМ ја промовира идејата за „трета Југославија“, како заедница на слободни и суверени народи и рамноправни републики кои договорно ги утврдуваат основите и условите за заеднички живот.[1]

На првите повеќепартиски избори во 1990 година, МДСМ настапи во коалиција со Сојузот на реформските сили на Македонија, освојувајќи 6 пратенички места. Во други подрачја настапила со Социјалистичката партија освојувајќи едно место.[2]

На 28 јуни 1991 година партијата донесе одлука да се спои со Сојузот на реформските сили,[3] со ново име Сојуз на реформски сили на Македонија - Либерална партија, за на крај да се формира Либералната партија во 1993 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads