Македонски парламентарни избори (1990)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Македонски парламентарни избори (1990)
Remove ads

Парламентарните избори 1990 година се првите парламентарни избори коишто се одржани во Република Македонија (тогаш сè уште Социјалистичка Република Македонија), по воведувањето на политичкиот плурализам. Во првиот круг најмногу гласови освоила дотогаш единствената и владејачка партија СКМ-ПДП, додека во вториот круг најмногу гласови освоила ВМРО-ДПМНЕ, која севкупно освоила најмногу мандати (38).

Кратки факти 120 мандати во Собранието, Прва партија ...
Remove ads

Изборен систем

Изборите се одржаа според мнозинскиот изборен систем при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември 1990 година, а вториот – на 25 ноември. Гласачкиот одзив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.[1]

Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во југословенската федерација и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност.

Првите повеќепартиски избори беа одбележани по дозволата на тогашната Републичка изборна комисија (РИК) да се гласа со пасош, по недостигот на гласачки ливчиња на некои избирачки места, а вишок на други места.[2] Одлуката над РИК да дозволи да се гласа со пасош, тогаш уште југословенски, предизвика контроверзи дека на тој начин ќе може да се гласа двапати со што би била фалсификувана изборната волја на граѓаните. Дозволата да се гласа со пасош беше повод ВМРО-ДПМНЕ да одржи неколку големи митинзи низ републиката, на кои беше побарано да се поништи гласањето како нерегуларно и да се распушти РИК. Како последица на ова, но и заострувањето на националистичките тензии и меѓуетничката нетрпеливост на бившојугословенските простори, дојде до пресврт во вториот круг.[2]

Remove ads

Резултати

Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници.

Повеќе информации Партија, Прв круг ...
Remove ads

Исход

Првата конститутивна седница се одржа на 8 јануари 1991 година.

Поради распоредот на силите во Собранието настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на техничка влада. Мандатот му беше доделен на Никола Кљусев, кој состави влада, која на 20 март ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads