Млад отворен театар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Млад отворен театар (МОТ) - меѓународен театарски фестивал што се одржува во Скопје.
Историја
Млад отворен театар бил основан во 1976 година, а негов основач и долгогодишен уметнички директор и почесен претседател бил Љубиша Никодиновски-Биш.[1]
МОТ 2013
Од 19 до 26 септември 2013 година се одржало 38. издание на МОТ, со мотото „Тетар на црвена линија“. На фестивалот биле следниве претстави:[2]
- „Тоа што телото ќе го памети“, во режија на Вим Вандекејбу, а во изведба на „Ултима Вез“ од Брисел
- „Носталгиумот на еден перфориран копиљ“, во режија на Јане Спасиќ (кој е и автор на текстот), а во изведба на „Младински културен центар“ од Скопје
- „Ноќна пеперутка“ на Петар Гладилин, во режија на Јавор Гардев, а во изведба на народниот театар „Иван Вазов“ од Софија
- „Прст“ на Дорунтина Баша, во режија на Ана Томовиќ, а во изведба на „Хартефакт“ и „Битеф театар“ од Белград
- „Галеб“ на Чехов, во режија на Томи Јанежич, а во изведба на „Српско народно позориште“ од Нови Сад
- „Хамлет машина“, според текст на Хајнер Милер и текстови на драматургот и на глумците, во режија на Андраш Урбан, а во изведба на „Народниот театар“ од Битола
- „5:17“ на Ана Ристоска, во режија на Нела Витошевиќ, а во изведба на „Вондерленд театар“ од Скопје
- „Hot“ во режија на Рисима Рисимкин, а во изведба на „Skopje Dance Academy & Theatre“ при Универзитетот ЕСРА од Скопје
- „Прогонот и убиството на Жан Пол Мара“ на Петер Вајс, а во изведба на Факултетот за драмски уметности од Скопје
- „Жолта линија“ на Џули Цех и Шарлот Рос, во режија на Ивица Булјан, а во изведба на „Загребачко казалиште младих“ од Загреб
- „Малечката“ на Сема Али Ерол, која е и режисерка, а во изведба на „Театарот Кумпанијази“ од Истанбул
- „Метаморфози“ според текстови на Овидиј, Александар Поповски и Јелена Миовиќ, во режија на Александар Поповски, а во изведба на „Југословенско драмско позориште“ од Белград
- „Тања, Тања“ на Олга Мухина, во режија на Александар Ивановски, а во изведба на НУЦК „Трајко Прокопиев“ од Куманово
- „Невини“ на Лукино Висконти, Зузо Чеки Д'Амико и Енрико Медиоли, во режија на Диего де Бреа, а во изведба на „Словенско младинско гледалишче“ од Љубљана
- „Лев“ во режија на Клаудија Сораче, а во изведба на „Мута имаго“ од Рим
Исто така, во рамките на фестивалот биле одржани и две работилници (работилницата за драмско пишување под водство на проф. Жанина Мирчевска и работилницата „Јас... тело... простор... паѓање“), како и презентации на книгите „7 драми од БиХ“ и „Моќта на театарот“.[3]
Remove ads
МОТ 2015
Во септември 2015 година се одржало 40. издание на МОТ, кое било отворено со претставата на театарот „Алијас“ од Женева. На фестивалот биле изведени 15 претстави, меѓу кои и „Другата страна“ по текст на Дејан Дуковски а во изведба на танцовиот театар „Лидија Литос“ од Атина, претставата „Солун, град на духови“ од Русомир Богдановски, во режија на Слободан Унковски и во изведба на „Театарот на навигаторот Цветко“ итн.[4]
МОТ 2016
Кон крајот на септември 2016 година се одржало 41. издание на МОТ, на кое биле прикажани повеќе претстави, како: „ОФФ - Надминување на границите“ на театарот „Увидјеки синхаз“ од Нови Сад, а во режија на Золтан Пушкаш; соло-танц перформансот на Маура Моралес од Куба; „Без наслов - (Симбол)“ на Скопје танцов-театар (кореографија: Андријана Данческа и Александра Петрушевска); претставата „Коските што доаѓаат доцна“ на Теки Дервиши, а во изведба на Националниот театар од Косово, во режија на Мартин Кочовски; „Да го поздравиш и да ми го бациш“ во режија на Билјана Радиноска; „Галеб“ во режија на Томас Остермаер; „Ние, европски лешеви“ на Симона Семенич, во режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Словенско народно гледалишче од Љубљана; „Мртовецот доаѓа по љубената“, во режија на Јернеј Лоренци, во изведба на театарот „Прешерн“ од Крањ; „Случајот Хармс“, во режија на Дино Мустафиќ итн.[5] итн.[6][7][8] Фестивалот завршил на 27 септември, со претставата „Мртва точка“ во режија на Раду Африм, а во изведба на театарот „Тома Карагиу“ од Романија.[9]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads