Мокрош

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мокрошmap
Remove ads

Мокрош (грчки: Λιβαδερό , Ливадеро[2]) — село во Општина Драма во Драмскиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Источна Македонија и Тракија, Грција.

Кратки факти Мокрош Λιβαδερό, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 23 километри северозападно од градот Драма, на надморска височина од 626 метри.

Историја

Отоманско Царство

Селото во текот на XIX век се наоѓало во Драмската каза во составот на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 250 жители Турци[3].

Грција

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција.

Според грчката статистика од 1913 година, во селото живееле 349 жители, додека според пописот од 1920 година, во селото живееле 304 луѓе[4].

Според Лозанскиот договор потпишан помеѓу Турција и Грција, во селото било населено грчко население од Турција, додека муслиманското население ги напуштило своите домови.

Во 1953 година, селото било преименувано во Ливадеро.

Remove ads

Демографија

Во 1928 година во селото биле населени 10 грчки бегалски семејства со вкупно 32 луѓе[4]. Така, според пописот од 1928 година во селото живееле 233 лица, додека во 1940 година селото броело 647 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 160 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 227 жители, во 1971 година имало 131 жител, во 1981 година имало 101 жител, додека во 1991 година имало 121 жител[4]. Денеска, населението на селото е 100 жители според пописот од 2001 година.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads