Мостич

From Wikipedia, the free encyclopedia

Мостич
Remove ads

Мостич бил висок функционер во Првото Бугарско царство во 10 век, за време на владеењето на Симеон I и Петар I. Тој ја носел титулата ичиргу-боил и најверојатно бил командант на гарнизонот во Преслав.

Thumb
Епитафот на Мостич, со титулата „цезар“ која е заокружена со црвено.[1]
Thumb
Надгробната плоча на Мостич

Мостич е познат од неговата надгробна плоча, пронајдена во црквата (денес позната како „црва на Мостич“) во Преслав. Надгробната плоча била откриена во 1952 од професорот Станчо Ваклинов и се чува во Националниот археолошки музеј.

Натписот на плочата е епитаф, што укажувало дека тој бил погребан во црквата: неговите останки исто така биле пронајдени, и откриле дека тој бил релативно низок (165–170 cm). Текстот е познат и по тоа што е еден од најраните извори во кои се споменува титулата "Цѣсарь"[2] ("Цезар"[3]).

Натписот гласи:

сьде лежитъ мо-

стичь чрьгоубъɪ-
ля бъɪвъɪи при
сумеонѣ ц︢ри
и при петрѣ ц︢ри
ос(м)иѭ же десѧ-
ть лѣтъ съɪ оста-
вивъ чрьгоубъɪлъ-
ство ї вьсе їмѣн-
иѥ бъɪстъ чрьнори-
зьць ї въ томь съ-
връши жизнь своѭ.[4]

Овде лежи Мостич, кој беше чргубиља при Симеон цезар и при Петар цезар. На 80 години, оставајќи го чргубиљството и сето имање, стана црноризец и така го заврши животот свој.[5]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads